[ВИДЕО] Однадвор крцкави, а одвнатре меки: Стапчиња од пилешко и кашкавал кои се подготвуваат за 10 минути

Кармин

18/09/2024

16:11

7.484

Големина на фонт

а а а

Ако сакате едноставни состојки како кашкавал и пилешко месо, но сепак сакате малку поинаков оброк, пробајте ги овие вкусни стапчиња.

Можете да ги послужите со компири или со сосови како кечап, мајонез и тартар.

Потребни состојки:

- 400 гр. кашкавал ементалер
- 650 гр. пилешки гради
- 5 лажици брашно
- 1 лажица мелена црвена пиперка
- 1 чешне лук
- сол, бибер, презла
- 3 јајца
- масло за јадење

Подготовка:

Кашкавалот исечете го на 8 еднакви делови, а потоа секое парче набоцкајте го на стапче за ражен. Пилешките гради исечете ги на долги ленти, по можност широки еден сантиметар.

Завиткајте ги пилешките ленти околу кашкавалот од врвот до дното на сите 8 парчиња и оставете ги на страна. Исечкајте го лукот и измешајте го со брашно, црвен пипер и други зачини и убаво измешајте. Во друг сад изматете ги јајцата и малку посолете.

Секое стапче внимателно прекријте го со подготвената смеса и потоа извалкајте го во јајца и на крај во презла. Ставете ги стапчињата во тава со загреано масло и пржете ги на умерен оган околу 3 минути.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk