Превкусниот чоколаден колач без брашно, се подготвува брзо, а уште побрзо го снемува од трпезата, а може да се декорира со шлаг, овошје или шеќер во прав.
350 грама чоколадо за готвење
160 грама путер
6 јајца
50 грама какао
150 грама шеќер
Рерната загрејте ја на 150 степени. Калапот во облик на круг, со големина од 24 – 26 цм, обложете го со хартија за печење. Белките одвојте ги од жолчките, и матете ги додека не добиете цврста смеса. Откако ќе добиете цврста смеса од белките, додајте им шеќер и матете додека не се растопи шеќерот.
Во меѓувреме, на ниска температура истопете путер и чоколадо исечкано на парчиња. Откако путерот и чоколадото потполно ќе се соединат, оставете ја смесата да се излади од пет до шест минути. Потоа во смесата додавајте една по една жолчка и матете со маталка додека добиете густ крем. Потоа додадете како и добро измешајте. Во чоколадната смеса додајте една, голема лажица изматени белки, и матете со маталка, а потоа целата чоколадна смеса ставете ја во смесата од белки и соединете ги двете смеси со маталка.
Вака подготвената смеса излијте ја во калапот и израмнете ја. Потоа колачот ставете го да се пече 35 минути во претходно загреана рерна. Откако ќе се испече, извадете го колачот од рерна и оставете го потполно да се излади, а потоа декорирајте го според вашиот вкус.