Доколку не знаете што да направите за јадење, имаме предлог за вас. Брзо и едноставно направете вкусни компири полнети со пармезан.
Овие полнети компири се фантастична опција за брз ручек или како вкусен прилог на главното јадење.
- 4 компири
- 120 мл. кисела павлака
- 100 гр. пармезан
- сол и црн бибер
Измијте ги компирите и по желба излупете ги. Исушете ги и прободете ги со виљушка на повеќе места. Ставете ги компирите во плех обложен со хартија за печење.
Покријте ги компирите со алуминиумска фолија и печете ги на 220 степени 30-40 минути, во зависност од големината на компирот. За овој рецепт најдобро е да користите компири со средна големина. Извадете ги компирите и почекајте малку да се изладат и потоа исечете ги по должина.
Потоа издлабете ги компирите, а остатоците ставете ги во сад и од нив направете пире. Во пирето додадете павлака, пармезан, сол и бибер по вкус, а по желба и малку растопен путер и ситно сечкан лук. Добро измешајте за сè да се соедини.
Во секоја издлабена половина додадете го полнењето од пире и на крајот по желба украсете со уште малку рендан пармезан и босилек. Печете на 180 степени уште 10 минути или додека да се растопи пармезанот.