[ФОТО] Со 57 години и многу стил, Хали Бери сè уште е модна ѕвезда на црвениот тепих: Овие детали на фустанот ќе ги маѓепсаат сите

Кармин

19/09/2024

20:00

782

Големина на фонт

а а а

Актерката Хали Бери уште еднаш заблеска. Таа на премиерата на филмот „Never Let Go“ во Њујорк ги остави сите без здив во фустан од високата мода од брендот „Tamara Ralph“.

Нејзината елегантна тоалета со сјаен ефект во прекрасни нијанси кои одат од топли, златни до ладни, сребрени тонови била вистинско ремек-дело. Дизајнот на фустанот ја истакнал нејзината совршена фигура, додека хоризонталните риги внеле дополнителна динамика и доза на гламурозност. Сјајниот ефект е детаљ кој навистина може да го направи вашето вечерно излегување многу поелегантно и да го подигне вашиот изглед на повисоко ниво, што ќе ги маѓепса сите.


Иако често не се препорачува мешање на сребрената и златната боја, тоа не е затоа што тие не одат заедно, туку затоа што е потребна голема доза на елеганција за да се изнесе тоа, како и парчињата воопшто да одговараат едни со други.

Хали секако има совршен стил, а боите прекрасно се надополнувале.

Голите раменици биле нагласени благодарение на фустанот кој се врзувал околу вратот, што дополнително ја истакнал софистицираноста на нејзиниот изглед. Актерката го комплетирала стајлингот со златни детали во форма на накит - особено впечатлива нараквица и детаљ околу вратот во форма на ѓердан кои одлично се совпаднале со фустанот, давајќи му завршен печат на нејзиниот блескав изглед.


Нејзината коса, обликувана во природни бранови, оставала впечаток на опуштена елеганција, додека нејзината нежна и природна шминка одлично ја истакнала нејзината препознатлива убавина.

Со овој изглед, Хали Бери уште еднаш потврди дека е стилска икона која без напор ги комбинира гламурот и суптилната елеганција.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk