Логопед открива како да го смирите детето за две минути

Точка

20/09/2024

10:22

1.378

Големина на фонт

а а а

Родителите на мали деца имаат доста искуство со ситуации во коишто расположението на детето одеднаш се расипува. Тоа може да се случи во трговски центри, кафулиња или парк, односно на јавни места каде што има многу луѓе. Поради тоа важно е родителите да ги научат децата како да се справуваат со емоциите.


Логопедот Седа Каспарова даде совет за тоа како родителите да го смират детето за само две минути.

„Детето треба да го земете в скут, но само доколку тоа прифаќа, или седнете покрај него, така што ќе го гледате в очи. Побарајте од детето да земе длабок воздух, истовремено дишејќи со него. Потоа замолете го детето да именува пет предмети коишто се наоѓаат во негова близина. Маса, столче, играчки. На овој начин истовремено ќе го вежбате набљудувањето и вокабуларот“, објаснува логопедот.


Потоа побарајте од детето да именува пет бои, а исто така може да наведе и пет негови желби.

„Ова не само што ќе го одвлече вниманието да детето, туку и ќе му помогне да дознае повеќе за сопствените аспирации. Оваа едноставна техника ќе му овозможи на детето да се смири и ќе му го одвлече вниманието од негативните емоции“, вели Каспарова.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk