[ФОТО] Бањата изгледа одлично: 30-годишна девојка го претворила својот дом во чудо за кое се расправа на социјалните мрежи

Кармин

19/09/2024

20:45

917

Големина на фонт

а а а

Дали би живееле во дом во кој доминира црната боја? Ви Милер од Вашингтон ја обожува оваа боја и ја избрала токму неа како основа на својот дом - прво живеела во црн стан, а потоа се преселила во куќа која ја украсила во темни тонови.

30-годишната девојка стана сензација на ТикТок кога им го покажа својот дом на следбениците на социјалната мрежа, на која ја следат повеќе од 100.000 луѓе.


Едни биле воодушевени од нејзината креативност и смелост - други, пак, тврдат дека нејзиното чувство за уредување на домот е премногу депресивно.

„Црната не е само боја. Тоа е простор каде што имагинацијата цвета. Не ја гледам темнината како негативна - за мене тоа е форма на елеганција и удобност“, вели креативната Ви која стои зад профилот @herblackhome.


Кога нејзиниот црн стан станал премногу тесен за неа и нејзиниот сопруг Дерек, тие купиле попространа куќа во Балтимор и ја претвориле во дом со примеси на „noir“.

Ѕидовите ги обоиле во црно и избрале парчиња мебел - па дури и кујнските апарати се во таа темна боја, која создава одличен контраст со помалите бели површини во домот. Ви не се двоумела да употреби и црни детали на полиците и ѕидовите од домот за да го комплетира целокупниот впечаток.


Како надополнување на сè, парот дури и го обоил предниот дел од куќата во црно!


За повеќето луѓе, црната боја претставува одличен избор за акцентирање на одредени делови во домот. Ретки се оние кои ѝ го посветуваат целиот простор.

Со цел црниот дом да не стане мрачен, природните извори на светлина се исклучително важни.

„Единствените соби во нашиот дом кои се супер темни се нашата главна спална соба и бањата, но дури и тие соби имаат прозорци кои пропуштаат дневна светлина во текот на денот“, објаснува девојката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk