Таа не сакала да го исклучи својот сопруг од апарати, подоцна и двајцата ги снашла морничава трагедија: Не постои почиста љубов од нивната

Кармин

23/05/2024

21:24

33.994

Големина на фонт

а а а

Љубовната приказна на Кристофер и Дејна Рив е една од најчистите и најемотивните.

Откако несреќата на нејзиниот сопруг на јавање во 1995 година ја претвори во инспиративна фигура за лицата со тежок инвалидитет, Дејна Рив забележала дека нејзината дотогаш опскурна репутација енормно расте.

На неа се гледало како на храбра и одлучна поддршка на решителноста на нејзиниот сопруг физички и емоционално да закрепне; не можел да дише без респиратор поради оштетување на 'рбетниот мозок. Таа била покрај него до последниот здив, а нивната љубов стана една од најемотивните.


Во 1995 година, Кристофер паднал додека јавал коњ. Американскиот Супермен бил парализиран од вратот надолу и сакал да се самоубие. Актерот откри во една прилика дека неговата сопруга Дејна склучила пакт со него веднаш по несреќата и токму тој пакт го одржал во живот во следните 10 години.

Кристофер, кој се прослави со улогата на Супермен, ја забележал својата колешка на сцената кога таа имала 26 години, а тој 35.

Иако актерот се заљубил во неа на прв поглед, му било потребно малку време да ја освои и шармира.

Поминало време додека парот не го кажал судбоносното „да“. Дејна била многу желна да разменат брачни завети, но Кристофер не верувал во брак. Нивните семејства биле чиста спротивност! Неговите родители се развеле, а потоа повторно се венчале, по што добиле уште деца. Од друга страна, родителите на Дејна биле во брак 45 години.


Набрзо Дејна забременила и по радосната вест дека ќе станат родители, парот во 1992 година ја круниса 4-годишната врска со брак. Тие го добија синот Вилијам во јуни истата година.

Сепак, само 3 години подоцна, парот се соочи со голема трагедија. На 27-ми мај 1995 година натпреварот во Вирџинија бил фатален за актерот.

Имено, неговиот коњ Бук нагло застанал пред една од препреките и го исфрлил Кристофер од седлото, а тој со главата удрил во земја. Кацигата спречила повреда на мозокот, но неговиот 'рбетен мозок бил повреден.

Лекарите со метална шипка од титаниум го поврзале черепот на актерот со остатокот од телото, а тој останал парализиран од вратот надолу, не можејќи да дише без апарати. Кога се разбудил од бессознание по страшна несреќа, не сакал да продолжи со животот.


„Мислев дека можеби мојот живот не вреди за туѓата мака. Можеби треба да го напуштам овој свет. Но, тогаш Дејна ми рече: "Ти сè уште си ти и те сакам"“, изјавил актерот во 1995 година.

Му било тешко бидејќи тој бил тип на човек кој знаел да стане рано наутро и спонтано да одлучи да лета со авион или да игра тенис. Но, по несреќата повеќе не можел да чувствува ништо ниту да се движи.

Кристофер Андерсон, кој за овој пар ја напишал книгата „Некаде во рајот“, открил дека актерката успеала да го наговори својот сакан да продолжи со животот, предложувајќи му еден договор.


„Издржи барем две години и ако и после тоа се чувствуваш вака, повторно ќе ја разгледаме твојата желба“, му ветила таа.

Парот нашол нова цел во хуманитарната работа и јавното истакнување на имињата на сите лица кои се соочуваат со инвалидитет. Тие собирале донации за да пронајдат лек за парализа, а Кристофер еднаш рекол дека научил уште повеќе да ги цени моментите со сопругата и синот.

Актерот почина на 10-ти октомври 2004 година од срцев удар на 53-годишна возраст.

Две години подоцна, на 6-ти март 2006 година, Дејна почина од рак на белите дробови неколку дена пред нејзиниот 45-ти роденден. Така, нивниот син Вилијам остана сирак на 13 години.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk