Во својата автобиографија „Јас сум Златан“, објаснил во каква сиромаштија растел, која била неговата ѕвезда водилка и како ги воспитувал своите синови.
Златан Ибрахимовиќ често важеше за лошо момче во фудбалот, но кога е во прашање неговиот приватен живот, тој е сè освен лош. Во својата автобиографска книга „Адреналин“, тој опишал како на мајка си ѝ купил стан во Паг, но таа не била единствената што решил да ја почести.
За животот на Јурка за медиумите проговорил нејзиниот брат Гојко Гравиќ кој живее во Пркос. Тој открил дека Јурка на 17 години отишла во Германија да работи и таму го запознала својот прв сопруг.
Таа на свет донела две ќерки Моника и Виолета. Кога бракот им се распаднал, таа се омажила за кафеанскиот пејач Шефик Ибрахимовиќ од Бјелина. Со него добила две деца, Златан, кој стана фудбалска ѕвезда и ќерката Санела. Кога се распаднал бракот на Јурка и Шефик, следувале тешки моменти, а и самиот Златан зборувал за тие тешки денови во детството кога бил повеќе гладен отколку сит.
По разводот, Златан првично живеел со мајка си, која напорно работела како куќна помошничка, а потоа и со својот татко, кој се лекувал од алкохолизам. Мајката на Златан подоцна го родила своето петто вонбрачно дете, Александар Ѓорѓевиќ. Исто така, тој имал полубрат Шапко, кој му бил даден на неговиот татко Шефик. Шапко за жал починал во 2014 година на 41-годишна возраст, што тешко го погодило Златан.
Златан успеал да префрли дел од милионите на компанијата која им ја доверил на мајка си и полубратот Александар. Потоа на мајка си ѝ купил луксузен стан во Новаља за да може да биде блиску до нејзините сестри. Тој ѝ купил и црква во Шведска за 9,24 милиони евра, но веднаш ја срушил за да изгради луксузни станови. Поранешната собарка која напорно работела по 14 часа на ден додека ги воспитувала своите деца, денес може да биде горда и задоволна.
„На мајка ми ѝ купив стан во Хрватска, во близина на Паг, за да може да биде поблиску до нејзините сестри. Сакаме да ги испратиме кај неа Макси и Винсент, сами, без мама и тато. Тие треба да научат независност. Сакаме да поминат малку време во Хрватска со нивната баба, која може многу да ги научи“, напишал Ибрахимовиќ.
На својот татко Шефик му купил дом во ексклузивен дел на Малме. Од друга страна, мајката на Златан, Јурка, живее во улицата Хенрик Менандер во Малме, иако не е луксузен дел од градот, живее опкружена со драги соседи и луѓе од земјите на поранешна Југославија.
Санела Ибрахимовиќ, сестрата на Златан, живее во улицата Слотсгатан, која се наоѓа во непосредна близина на Музејот на модерна уметност во тој град. На нејзино име е и станот во Новаља.
Во непосредна близина на Санела живее и полусестрата на Златан, Моника Аниќ. Најмладиот полубрат на Златан, Александар Ѓорѓевиќ, живее со сопругата Линда Софија Ѓорѓевиќ во улицата Маберсгатан. На таа адреса е една од фирмите преку кои Златан управува со својот недвижен имот со кој формално управуваат неговата мајка Јурка и братот Александар. Другите две компании во кои е активен полубратот на Златан се оние во кои водечка улога има и мајката на Јурка.
„Империјал“ пишува дека приказната на фудбалерот е и водич за тоа како милијардери од рангот на Златан управуваат со својата империја на луксузни недвижности преку компании регистрирани на членовите на семејството, како и преку адвокати специјализирани за пренос на недвижности во „даночни раеви“.
Шведска е уредна и транспарентна скандинавска земја, така што кај нив нема мистификација каде живее некој, колку вреди недвижноста во која живее, а преку нивните регистри може да се добијат низа податоци. Благодарение на овој систем на матични книги се знае каде сега живеат членовите на потесното семејство на Златан Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ се осврнал и на односите со синовите Винсент и Максимилијан и во таа прилика признал дека му е драго што тргнале по неговите стапки.
Тие денес играат фудбал за Милан, многу се фокусирани и важно е да не го прават тоа за мене. Сега кога ги имам, моите момчиња и ги носиме на натпревари, се гледам со родителите кои ги носат своите деца, ги тераат да прават некои работи и сега го имате тој проблем кога родителите ги притискаат децата и одеднаш повеќе не се родители туку тренери, агенти, адвокати, но важно е да знаат дека не можат да ги натераат децата да го прават тоа за нив, туку за себе. Среќен сум што моите деца го прават тоа за себе“.
Неговата девојка Хелена во извесно интервју раскажала како Златан ги учи нивните синови да бидат скромни, им раскажувал за неговото детство, кое воопшто не било лесно, со цел да бидат свесни дека во животот треба сами да се борат и да научат да го ценат она што го имаат.
Босанецот со шведско спортско државјанство и пасош, Златан Ибрахимовиќ (42) само од платата во клубовите – од доаѓањето во Јувентус во 2004 година заработил над 150.000.000 евра, повеќе од Ѓоковиќ од тениските турнири.
Златан ја потврдил гласината дека во неговиот дом нема фотографиии, поточно има само една – со неговите стапала. Тој исто така објаснил и зошто:
„Да, немам мои слики на ѕидовите, но тоа е моја идеја. Затоа што во семејството треба да се потсетиме од каде доаѓа целата храна – од моите нозе. Тоа е потсетник за сите нив дека секогаш кога ќе влезат мојата теретана, тие ги гледаат тие стапала“.
„А главата?“, го запрашал Морган.
„Мојата глава ги контролира моите стапала, во право си, но моите стапала зборуваат повеќе за мојата игра. Играта со глава дојде на крајот, кога веќе не бев доволно брз. Не, сè што кажав е важно за да знаеме од каде сето тоа дојде и зошто денес сме таму каде што сме. Нема фотографии од мене, Хелена ми кажа дека доволно ме видела. А тоа е важно и за моите деца, важно е да ме гледаат како татко, не како професионален играч Златан Ибрахимовиќ. Не треба да растат во моја сенка, затоа што се поважни од мене и никогаш нема да дојдат во ситуација да се чувствуваат на второ или трето место. Тие се во пол-позиција“.
Кога го започнал разговорот, Морган на легендарниот фудбалер му порачал дека има желба да го запознае вистинскиот Златан, на што Ибра одговорил во свој стил:
„Сакаш да се играш со оган? Јас ќе бидам твојот оган, но ќе се изгориш. Кога говорам дека сум Бог, мислиш дека се шегувам? Не, не се шегувам“.
Морган му возвратил на Ибра дека го замислува како негативец во филмовите за Џејмс Бонд, на што тој одговорил:
„Да бидам негативец во филм за Бонд? Би го уништил Бонд, но премногу сум скап, не работам бесплатно“, Златан повторно го „возвратил ударот“.