„Кога имаше 3 години ме погледна и рече: ’Јас не сум момче‘“ – Постарата ќерка на Шарлиз Терон е трансродова, а со помладата се појавила вчеравечер и сите гледаат во овие ретки фотографии

Кармин

16/04/2024

16:32

7.707

Големина на фонт

а а а

Престижната француска модна куќа „Dior“ вчеравечер во „The Brooklyn Museum“ во Њујорк одржала одлична модна ревија на која ја прикажала колекцијата за овогодишната есенска сезона. Настанот собрал бројни познати личности, меѓу кои и актерката Шарлиз Терон и нејзината ќерка Август.

Шарлиз Терон ретко може да се забележи во јавност со своите деца. Меѓутоа, направила исклучок за модното шоу на куќата со која соработува со години. Холивудската ѕвезда се претставила во многу „шик“ комбинација и повторно „отскокнала“ од останатите, иако на некои можеби им „пречи“ што нејзиното модно издание е полежерно од стајлингот на повеќето гости.


Малата Август уживала во ревијата и, како што можеме да забележиме, на интересен начин ја „следи модата“, на што нејзината мајка има големо влијание.

Актерката која девојчето го посвоила во 2015 година, ретко објавува фотографии од своите деца, а во 2022 година направила отстапка на „Instagram“. За ќерката Август претходно говорела во емисијата „The Tonight Show“ на Џими Фалон, откривајќи дека девојчето учи боречки вештини.


Шарлиз напомнала дека ги учи своите ќерки да знаат дека не им е потребен партнер за да бидат среќни, но открила ѝ дека помладата наследничка ѝ рекла да си најде момче. И двете ќерки се социјални активистки и го поддржуваат движењето „Black Lives Matter“, пишува „People“.

„Ме погледна во очи кога имаше три години и рече: ’Јас не сум момче‘“

Шарлиз Терон во 2012 година посвоила момче по име Џексон, тоа било пред снимањето на филмот „Mad Max: Fury Road“ каде таа ја игра главната улога. Дури во 2020 година објавила фотографија од сетот, на која е со своето дете.

„Станав мајка непосредно пред почетокот на снимањето. Барем моето дете засекогаш ќе го има забавниот факт: ’Поголемиот дел од првата година од мојот живот ја поминав во воена опрема‘“, изјавила таа и додала: „Во било која земја и да ми дозволеа да посвојам дете како немажена жена, ќе го сторев тоа. Таму и поднесов барање. На крајот, се случи двете мои деца да се Американци. Родени се во САД и случајно се Афроамериканци.“


Шарлиз, која е родена во Јужна Африка, подоцна открила дека нејзината ќерка Џексон е трансродова: „Да, и јас мислев дека е момче. Сè додека не ме погледна во очи еден ден, кога имаше само три години и изговори:: ’Јас не сум момче‘. Двете можат да откријат што сакаат да бидат, тоа не е нешто за кое јас одлучувам. Мојата работа како родител е да ги сакам и да се погрижам да имаат сè што им е потребно за да бидат тоа што сакаат“.


Актерката во емисијата на Елен Деџенерис изјавила дека Џексон е многу блиска со нејзината сестра Август, а во 2023 година открила дека постарото дете веќе оди во средно училиште и е изненадена колку брзо лета времето.


На ревијата на „Dior“ биле и актерката Наоми Вотс со нејзината ќерка Каи (15).



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk