[ВИДЕО] Користете го овој едноставен трик за да ја освежите перницата на која спиете

Кармин

26/04/2024

16:40

8.387

Големина на фонт

а а а

Перниците брзо се валкаат, без разлика на заштитата што ја нуди навлаката за перници, бидејќи до нив доаѓа прашина, пот и бактерии, а од друга страна не треба често да се перат во машина, бидејќи така се уништува најголемиот дел од полнењето на самата перница.

Една корисничка на Инстаграм, во видео покажа како нејзините перници остануваат чисти и изгледаат како нови долго време дури и без перење.

„Топлиот воздух во машината за сушење ќе ја освежи вашата перница бидејќи високата температура ќе ги убие сите бактерии за само 20 минути“, напиша таа на Инстаграм.

Иако нејзиниот совет се однесува на повеќето перници, Линзи предупредува да не ставате перници со мемори пена во машината за сушење. Таа исто така предлага да ја менувате перницата барем еднаш на секои две години.

„Ако вашата пеница не ви ја нуди потпората која сте ја имале, веројатно ви треба нова“, вели таа и советува брз тест: едноставно преклопете ја перницата на половина и ако не се врати во првобитната состојба, време е да купите нова.


„Одлично, ви благодариме што секогаш ги споделувавте вашите совети со нас“, напиша еден од нејзините следбеници, од кои повеќето изјавија дека сами ќе го пробаат ова.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk