Астролозите согласни – ова ќе бидат најсреќните денови во месец мај, а среќата ќе им се насмевне на сите

Кармин

29/04/2024

16:38

16.692

Големина на фонт

а а а

Обидете се да се ослободите од негативната енергија во месец мај, а да бидете исполнети со моќна енергија.

Се ближи месец мај, а одредени денови ќе носат помоќна енергија од другите. Затоа астролозите ни порачуваат овие датуми во мај да ги обележиме во календарот затоа што тие ќе бидат особено поволни за нас.

„Деновите на моќта“ се оние најповолни во месецот кога се случува некој добар астролошки настан. Освен тоа, овие денови можат да донесат и други важни настани кои поволно ќе влијаат на нашата среќа и расположение.


1 мај – Венера во квадрат со Плутон

Венера и Плутон во квадрат сочинуваат моќен сојуз којшто ќе се трансформира на првиот ден од месец мај, правејќи го пријатен и продуктивен.

На овој ден можеме да почнеме да се ослободуваме од лошите навики и да бараме простување од оние кои во минатото сме ги повредиле. Во таквите периоди поголем дел од конфликтите ќе се решат, поради тоа не треба да се плашиме да се извиниме на своите сакани, пријателите и колегите.

Ќе имате многу моќ за комуникација, а оние кои нема само привидно да работат на себе туку навистина ќе се потрудат да ја надминат својата природа, ќе добијат успех, среќа и сила.

5 мај – „огледало“ датум

Експертите препорачуваат на овој ден почесто да го слушате вашиот внатрешен глас затоа што тој ќе стане нашиот водич кон светот на успехот, среќата и стабилноста. Бројот пет ќе го разбуди вашето шесто сетило и ќе ви помогне да сфатите што за вас е важно, а што е лажно и споредно.


Тоа ќе биде денот за длабока интроспекција и нови можности. На таков ден не постојат случајни мисли, како што не можат да бидат случајни ниту настаните. Сѐ ќе биде точно, онака како што треба да биде според плановите на универзумот.

17 мај – квадрат на Меркур и Плутон

Овој аспект е исклучително позитивен за креативните компоненти на секој од нас. Под такво влијание станува лесно да носите извонредни одлуки.

Тоа ќе биде денот кога претставниците на креативните професии ќе имаат повеќе среќа од било кој друг. Ова исто така ќе биде ден на комуникацијата на нови познанства и флертување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk