[ФОТО] Била во канџите на секта, а во 7деценија изгледа неверојатно: Славната актерка на црвениот тепих покажала чиста елеганција

Кармин

29/04/2024

19:30

9.697

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Мишел Фајфер (66), после подолго време повторно се појавила во јавноста.

Таа прошетала на црвениот тепих заедно со сопругот Дејвид Е. Кели на настан на Американскиот филмски институт за доделување на награди за животно дело 2024 година во Лос Анџелес.


Актерката се појавила облечена во црно одело и со насмевка на лицето уживала во друштво на колегите актери и пријатели.

Да ве потсетиле, Фајфер и Кели се во брак над 30 години. Се запознале во текот на 1993 година, на „blind date“ во куглана. Во тоа време актерката веќе била во постапка за посвојување дете, а открила дека тоа ѝ покажало многу за тоа каков во суштина е Кели.


„Тоа беше ситуација која брзо можеше да покаже дали некој е момче или маж. Тој беше неверојатна поддршка. Направив одличен избор. Имав среќа. Ниту сега, после толку години не го земам здраво за готово. Го почитувам, духовит е и интелигентен и навистина сладок, но доколку не го почитувате својот партнер, за кратко време вашата романса ќе заврши“, изјавила актерката.


Инаку, во кариерата, нејзината прва поголема улога била онаа на Хенкок во „Scarface“ од 1983 година, а следеле улоги во „The Witches of Eastwick“ (1987) и „Tequila Sunrise“ (1988) и многу, многу други.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk