„Пиев јогурт со ленено семе секое утро“: 2 седмици подоцна ова биле поволностите врз здравјето

Кармин

29/04/2024

20:30

37.187

Големина на фонт

а а а

Искуството на една жена која секое утро пиела јогурт со ленено семе е многу позитивно, а во продолжение може да го прочитате.

„Кога бев млада воопшто не се грижев за тоа што јадам, ниту особено уживав во храната. Меѓутоа, во текот на студентските денови почнав да јадам многу брза храна, грицки. Кога почнав да работам и се отселив од куќата на родителите, тогаш почнаа проблемите. Сакав да внимавам што јадам, но ми беше проблем да најдам време, да се организирам и да најдам волја“.

Оваа жена додала дека тогаш килограмите почнале да се зголемуваат, а нејзиниот организам сѐ потешко ја поднесувал храната.

„Знаев дека морам нешто да сменам. Како и сите други во ерата на компјутери, одлучив на интернет да побарам решение за својот проблем“.


Таа вели дека не е љубител на јаболковиот оцет и лимон, па таквите рецепти не ѝ биле интересни, но затоа нашла еден рецепт со ленено семе.

„Никогаш претходно не сум ги јадела тие чудни семки и не ми изгледале особено привлечно. Сепак, одлучив да ги пробам. Рецептот според кој тие се оставаат во текот на вечерта, па се јадат наутро не доаѓаше предвид“.

Поради тоа купила мелено ленено семе затоа што тоа може лесно да се свари за разлика од целите семки, а може да го најдете во било која подобро опремена продавница за здрава храна.

„Секое утро јадев шолја јогурт со една лажица мелено ленено семе и набрзо потоа забележав дека стомакот ми е помалку надуен, а гасовите повеќе не се проблем“.

Како лененото семе делува на организмот

Семето е богато со протеини, растителни влакна, минерали железо и цинк, но и витамини Б1, Б2, Ц, Е и А.

Тоа се користи како додаток во житарките кои ги консумираат луѓето кои се на диета или сакаат да го исчистат својот организам.


Одличен лаксатив

Поради тоа што семето е богато со масла и растителни влакна тоа е одличен лаксатив. Омега три масните киселини кои се наоѓаат во лененото семе, имаат противвоспалителни ефекти. Многу клинички истражувања покажале дека со ова растение може да превенирате при проблеми со високиот холестерол и некои срцеви заболувања.

Го смирува желудникот

Лененото семе е одлично за смирување на желудникот, ја обновува слузокожата и ја подобрува неговата состојба.

Во таа слуз се наоѓаат неговите лековити својства. Таа штити и ги ублажува воспаленијата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk