Велат дека нема позгодна водителка во регионот од неа: Како жена во 50-те години има тело како девојка од 20?

Кармин

09/04/2024

16:30

25.460

Големина на фонт

а а а

Николина Пишек штотуку наполни 50 години и сите се прашуваат „што јаде оваа жена?“ и „како изгледа волку добро?“.

Николина Пишек важи за една од најзгодните водителки во регионот, а и покрај тоа што влезе во 6-та деценија, изгледа како 20-годишна девојка. На нејзината беспрекорна фигура ѝ завидуваат и млади девојки, но неверојатното тело не дошло само по себе.

Жените често ја прашуваат за совет, а таа неодамна им откри дали вежба и која е тајната на нејзиниот изглед.

„Вежбам долги години. Последните две години беа послаби поради низа настани кои ми ја нарушија вообичаената рутина. Првите шест месеци не можев од тага... Но, сега се враќам во мојата рутина“, открила Николина. Еден од фановите ѝ поставил прашање дали е пушач, таа одговорила дека не пуши, но понекогаш знае да запали цигара кога „друштвото е добро, музиката е вистинска...“.

Едно од прашањата било што и како јаде.

„Малку нередовно. Не појадувам, немам време. Преку ден исто по малку јадам бидејќи кога сум во брзање не сакам да бидам оптоварена. Не јадам месо, ги надополнувам протеините. Земам колаген и јадам многу зеленчук“, одговорила водителката.

Една следбеничка побарала совет од Пишек како да ги симне килограмите пред некој важен настан.

„Ауу. Ставете катанец на фрижидерот. Укинете ги јаглехидратите. Мене ми помага наизменичното постење – да се јаде 6 до 8 часа во денот, а остатокот да се пости. Многу течности за да се раздвижи лимфата“, вели водителката.

„Кога ме прашуваат дали јадам нешто и што јадам... Секако дека јадам. Еве пример за лесен и вкусен оброк. Тенок омлет, со фил од сирење и спанаќ, а како прилог салата од матовилец. Прекрасно“, напишала Николина под една објава.

Веројатно покрај генетиката, за нејзината извајана фигура е заслужен и тренингот, бидејќи таа навистина со години наназад ја одржува витката фигура.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk