Таа е прогласена за најпаметната личност во светот, а нејзиниот мозок работи како машина: Луѓето не можеле да ѝ ги простат „грешките“ од приватниот живот

Кармин

09/04/2024

15:42

19.986

Големина на фонт

а а а

Мерилин вос Савант е прогласена за најпаметна личност во светот, но кога ќе ја слушнете приказната за нејзиниот приватен живот, ќе се запрашате дали таа го искористила својот полн потенцијал.

Мерилин вос Савант е најинтелигентната личност на планетата која е тестирана со тест за интелигенција. Родена во Мисури во 1946 година, Мерилин живеела нормално и повлечено детство до 10-годишна возраст кога со помош на тест било утврдено дека е натпросечно интелигентна.

На 10-годишна возраст, нејзиниот мозок бил развиен како на 22-годишен човек, а нејзиниот коефициент на интелигенција изнесувал 228. За споредба, просечниот коефициент на интелигенција е помеѓу 85 и 115.


Меѓутоа, нејзините родители не сакале Мерилин да оди наоколу и да се фали дека е паметна, па ја криеле оваа информација од јавноста, сè со цел таа да живее како сите други деца.

Сепак, вистината не може да се сокрие од јавноста, па набрзо ја добила славата што ја заслужува.

Кога пораснала, Мерилин се запишала на факултет, но го напуштила 2 години подоцна бидејќи ѝ било здодевно. Почнала да заработува и да гради кариера тргувајќи со акции и недвижнини. И покрај тоа, нејзината вистинска страст била пишувањето. Таа ги искористила своите лични инвестиции за да си дозволи да стане писателка со полно работно време. Но, дури и тогаш, Мерилин пишувала романи и кратки приказни под псевдоним за да остане анонимна.


1988 година ѝ го променила животот. Нејзиниот неверојатно висок коефициент на интелигенција од 228 е запишан во Гинисовата книга на рекорди и таа одеднаш станува славна личност.

Покрај гостувањето во неколку емисии, Мерилин не дозволила медиумите да влезат во нејзиниот живот. Таа сè уште била посветена сопруга и мајка, која пишувала свои текстови и живеела мирен живот.

Во 1987 година се омажила за Роберт Јарвик, хирург кој развил механичко вештачко човечко срце. Но, луѓето не можеле да ѝ го простат тоа што „не го користи доволно“ својот мозок и потенцијалот и го трошела животот на тривијални работи. Добивала лути пораки, а луѓето дури и шпекулирале дека можеби не е гениј.


Во едно од интервјуата таа рекла дека коефициентот на интелигенција е само „капацитет“, начин на кој ја користите вашата интелигенција и дека таа не е калкулатор, туку човек.

И покрај сите приказни за неа, Мерилин верува дека е на вистинскиот пат: „Општеството нѝ нуди толку многу. Мислам дека не правиме доволно за да возвратиме, но мислам дека сите сносиме општествена одговорност и мислам дека и јас ја сносам. И повеќе мислам дека пишувањето е одличен начин да им го вратам на луѓето она што ми го дадоа мене“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk