Роко Сифреди важи за најпознатата ѕвезда од филмовите за возрасни, но неговата сопруга признала дека нивниот интимен живот сепак не е она што луѓето го мислат.
Роза Таси ја открила својата страна на приказната по објавувањето на ТВ серијата „Supersex“ на „Netflix“.
„Supersex“ е италијанска биографска драмска телевизиска серија на животот на Роко Сифреди, познат италијански актер од филмовите за возрасни.
Меѓутоа, сега се огласила неговата сопруга која тврди дека парот всушност има „досаден брак“ без порнографија или интимни односи како што е прикажано во филмовите.
Роза, која со актерот е во брак 30 години, вели дека на почетокот воопшто не ѝ било лесно, особено кога живееле во Италија. Подоцна се преселиле во Будимпешта. „Се сеќавам дека еден ден во Рим отидов во банка и благајникот ме нападна. Сигурна сум дека си помислил: ’Оваа е со Сифреди, веројатно тогаш се согласува на сè‘.
Дома си заминав вознемирена Роко беше бесен. Испадна дека дома имаме забави и оргии, но работата е работа – а приватниот живот нешто друго. Отсекогаш сме имале нормален, речиси здодевен приватен живот“, изјавила.
Таа продолжила да објаснува дека центарот на нивните животи отсекогаш биле Лоренцо и Леонардо – нивните деца. Но, таа признала дека тешко било да им објасни на своите синови како заработувал нивниот татко.
„И јас и Роко секогаш им објаснувавме на децата дека тоа е како акционен филм, на пример, знаете, каде што постои некој кој некого убива со мачета? Па тоа е исто, сè е лажно“, навела.
„Филмовите за возрасни се направени за да возбудуваат, но тоа не е интимноста која ја имате со некој кого го сакате. И во секој случај, којзнае зошто, никому не му се проблем сцените со луѓето на кои им се пресекува грлото, додека сцените со водење љубов се стигматизирани“, смета Роза.
Исто така, објаснила и како мисли дека телото е само тело, а дека поврзувањето со некого на интимно ниво е сосема поинакво. За неа секогаш постоела голема разлика меѓу двете.
„Душата е нешто друго, онаа на Роко е моја. Иако на почетокот се однесуваше со мене како да е на сет – ми велеше како да се свртам, како да се наместам …“, навела.
„Ми требаше една година да најдам храброст да му кажам дека тоа не ми се допаѓа, дека сакам некои други работи, друга нежност. Тој го разбра тоа“, пишува „Daily Star“.