Како изгледал моментот кога Ружица Ѓинѓиќ дознала дека Зоран е убиен: „Ми се јави возачот и само изговори ’Пукаа во него!‘“

Кармин

12/03/2024

13:33

25.769

Големина на фонт

а а а

Денес се навршува 21 година од убиството на Зоран Ѓинѓиќ. Во текот на овие дваесетина години, сè продолжило да функционира, неговите деца пораснале и се осамостоиле, но болката е сè уште присутна.

Особено болката на неговата сопруга Ружица, која го памети до најмал детаљ секој момент поминат со нејзиниот сакан Зоран.


Ова се нејзините сеќавања од тој кобен 12 март кога Зоран бил убиен:

„Возачот на Зоран, Сале, прв ми јави дека нешто не е во ред. ’Пукаа во него!‘ Добро, сметав дека не го погодиле, или – доколку го – дека секако ќе преживее. Меѓутоа, Сале ме „дотолчи“: ’Ќе дојде некој по вас!‘, раскажала Ружица пред неколку години за српски весник.


„Се запознавме на трибина каде што беше претставена неговата книга „Jugoslavija kao nezavršena država“. Јас ја претставував издавачката куќа која ја објави. Веќе на прв поглед, за мене беше сосема поинаков од сите луѓе кои дотогаш ги бев сретнала. Во неговите очи ја препознав моралната чистота, која намерно, случајно да не го разоткријат, ја прикриваше со нагласената самоувереност, ароганција, острина и образование. Беше чист како солза, па затоа и мораше да се брани со разни одбранбени механизми, да не го откријат во овој крут и расипан свет. Пуристите, алтруистите, хуманистите постојано се на удар, затоа што провоцираат нечија нечиста совест. Затоа другите сакаат да ги извалкаат и спуштат на нивното ниво. Самите за себе, најдобро знаат кои се и какви се. И Зоран тоа го сфаќаше, принуден својата невиност да ја брани со помалку одглумен цинизам.“


Момчето од босанскиот Шамац и докторот по филозофија ја освоил девојката од Ваљево, како и таа него

Таа во него видела нешто посебно, а и тој неа ја гледал на истиот начин.


„Знам дека по враќањето од докторатот во Германија, тој едноставно беше опсесија на сите убави и паметни жени кои држеа до себе. Веројатно доживеале свој личен „крај на светот“ кога тој ме избра мене, бидејќи навистина беше идеална прилика за многу девојки. И ете, таков каков што беше, тој се одлучи токму за мене – анонимна и непозната, која никој никогаш не ја запознал. Очигледно, тој не беше човек со клишеа и предрасуди, туку модернист кој правеше сè следејќи ги своите сопствени чувства, а не осврнувајќи се на она што другите го мислат. Можев само да бидам почестена што во мене препозна нешто исклучително, ме избра за сопруга и ме претстави пред белградскиот културен, интелектуален и политички естаблишмент, за кој знаев само од весниците.“


Двајцата станале неразделен пар, тандем кој не можел еден без друг. Колку и да звучи ова како несериозно земен заклучок, тоа е чистата вистина: оние кои ги набљудувале, увиделе дека се создадени еден за друг.

Се венчале и во 1990 година станале родители на Јована, а потоа во 1993 година го добиле и второто дете, синот Лука.




Кобниот 12 март 2003 година

„Таа среда, на 12 март, во Владата требаше да се сретне со шведската министерка за надворешни работи, сега исто така покојна, Ана Линд. Тоа утро го облече својот најубав костим и беше навистина убав. Потполно заборавајќи на госпоѓата Линд, на вратата го прашав зошто толку е среден и дали има некоја конференција за медиумите.


„Не, но ја имам Ана Линд“. Едноставно ме „копкаше“ зошто толку му беше важно да се облече така убаво.

Сале, возачот на Зоран, беше првиот кој ме извести дека нешто не е во ред. „Пукаа во него!“. Добро, сметав дека не го погодиле, или – доколку го – дека секако ќе преживее. Меѓутоа, Сале ме „дотолчи“: ’Ќе дојде некој по вас!‘.


Бев преплашена кога пристигна Беба. Му реков дека првпат се плашам. Не знам дали и тој знаеше дека Зоран е убиен. Чувствував дека овојпат не е исто како порано. Уште од 1996 година Зоран беше буквално движечка мета. Истите луѓе кои му го зададоа фаталниот удар – и тогаш го држеле прстот на чкрапалото.



Останавме засекогаш сами, ние тројца, а сите тие важни пријатели побегнаа …“, своевремено раскажала Ружица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk