Тиш Сајрус (56), мајка на популарните Мајли Сајрус и Ноа Сајрус, стапи во брак со актерот Доминик Персел (54) на интимна церемонија на која се појавила само пејачката.
Ноа Сајрус не сакала да присуствува на венчавката, наводно затоа што се забавувала со ѕвездата од серијата „Prison Break“, кога нејзината мајка почнала да се допишува со него на „Instagram“.
Американските медиуми „бруеле“ за овој скандал, но ниту Ноа (24) ниту Тиш (56) не сакале да дадат коментар. Сепак, тука биле пријателите кои ги откриле деталите: „Ноа се гледаше со Доминик кога Тиш започна да го „прогонува“. Знаеше дека се заедно и сепак продолжи. Изби кавга, Ноа е вознемирена што тоа ѝ го направи родената мајка“.
Минатиот месец, мајката на Мајли Сајрус гостувајќи во извесен поткаст, открила како го запознала актерот и навела дека „тој ѝ пишувал на „Instagram“ уште во 2016 година“.
„Го следев на „Instagram“, тој ми испратил порака дека сака само да ми се јави и да ми каже пофални зборови за моето семејство … а јас таа порака не ја бев видела можеби една година“, зборувала Тиш и додала дека дури следната година забележала дека Доминик Купер ја блокирал.
„Се прашував зошто го направил тоа, но всушност тоа било „масло“ на неговата поранешна жена. Толку многу се смеев“, изјавила новопечената невеста.