На сопругот му плаќа огромна алиментација, татко ѝ се откажал од неа...: На славната пејачка животот ѝ удрил шлаканица од сите страни...

Кармин

23/02/2024

20:15

25.848

Големина на фонт

а а а

Кели Кларксон го прославува својот 41 роденден, а нејзиниот приватен живот е и повеќе од бурен.

Кога обожавателите првпат ја запознаа Кели Кларксон во шоуто „American Idol“, таа изгледала ведро и весело, со голем сон којшто треба да го исполни.

Таа победи на тој музички натпревар, а набрзо пoтоа се искачи на врвот од музичката индустрија со своите хитови.

Иако Кели вообичаено има оптимистичен став, таа ја покажала и онаа другата страна од себе кога ја објавила песната „Because оf  You“ години подоцна.


Кели има многу нарушен однос со својот биолошки татко. Имено, добитничката на „Греми“ нема никаква комуникација со него.

Хитот „Because of You“ е преполн со тажни стихови, а оваа болна балада говори токму за нејзиниот биолошки татко, Стивен Мајкл Кларксон и бурниот развод на нејзините родители.

Стивен не останал во контакт со неа откако се развел од Келине, мајката на Кели, кога таа имала само шест години, што создало траума кај шестгодишната Кели.

Кларксон се обидела да исконтактира со Стивен, но наводно повеќе пати била одбиена, па односот со својот татко го нарекла токсичен и јавно го прашала дали тој воопшто е способен да даде љубов.

Меѓутоа, Кларксон има здрав поглед кон својата историја со татко ѝ.


„Знам дека многу од луѓето ме сожалуваат, но тоа всушност не е таква ситуација“, објаснила пејачката, па додала: „Мислам дека доколку не пораснеш со тоа, тешко е да пропуштиш нешто што никогаш не си го имал“.

Можно е отуѓеноста од својот татко да пречела во способноста на воспоставување на смислата на односите кај пејачката. Така, Кели ја завршила и својата бракоразводна парница од менаџерот за таленти Брендон Блексток која траела помалку од две години.

Брендон добил сума од 3,2 милион долари, а Кели морала да му плаќа и месечна алиментација од 45.000 долари за нивната ќерка Ривер Роуз и синот Ремингтон Александер.

Поранешните сопружници се договориле дека ќе го делат старателството над децата, но дека пејачката ќе живее во Лос Анџелес.


Ни пејачката, ни менаџерот не го коментирале разводот за медиумите, а познато е дека заедно одлучиле нивната ќерка и син да ги вакцинираат против коронавирусот.

Да ве потсетиме, Кларксон барала развод од Блексток во април 2020 година, после седум години брак, тврдејќи дека и двајцата заслужуваат да изградат нов живот:

„Ѝ оди одлично и се сврти кон иднината. Ужива во тоа што поголем дел од времето ќе го поминува со децата“, открил извор за „People“ после разводот на Кели.


Кели во еден момент во својата емисија „The Kelly Clarkson Show“ проговорила за разводот пред очите на јавноста:

„Ужасно е. Постојат многу тешки моменти во текот на разводот. Најтешко ми е што во тоа се вклучени и децата“.

Инаку, нејзиното шоу со текот на годините стана сѐ поголем хит, а последниот албум којшто го издаде по разводот наиде на одлични реакции кај публиката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk