[ФОТО] Нејзините жешки сцени со Турчинот ги памети цела Југославија: Доживеала вистинска животна драма, а сега се вратила поубава од кога и да е

Кармин

26/01/2024

09:15

31.511

Големина на фонт

а а а

Последниот дел од трилогијата „Кожа“ по сценарио на Никола Пејаковиќ, во режија на Саша Хајдуковиќ, претходниот викенд бил прикажуван на телевизија.

Секс-симбол на 80-тите

На добро познатата актерска екипа ѝ се придружила и една aктерка која во Југославија ја обожувале. Станува збор за Сања Вејновиќ која на само 20 години стекнала голема слава.

Оваа дама останала запаметена како Анѓа од филмот „Бановиќ Страхиња“ од 1981 година, но и од филмот „Варљиво лето“ од 1984 година.

Улогата на Анѓелина ја вивнала во небото, а нејзините жешки сцени со Турчинот се раскажуваат и денес. По неа воздивнувале мажите, а телевизиската публика ја запаметила како прељубничка, баш поради таа улога.


Изгледа одлично

Познатата актерка годинава ќе наполни 63 години, а судејќи по објавите на социјалната мрежа Инстаграм таа изгледа многу помладо.

Развод

Во 2015 година актерката се развела од сопругот Горан Мачаве после 30 години брак. Тие двајца се запознале во 1984 година на Златибор на филмски сет, а одлучиле да се венчаат после само три месеци врска.


Како што се пишувало тогаш, во бракот долго не им цветале рози, а Сања во 2005 година зборувала дека на сопругот му го простила неверството кое за неа било многу болно искуство.

Тогаш кажала дека тоа никогаш не сака повеќе да го преживее, но во 2010 година таа и Горан имале голема криза во бракот кога тој имал афера со друга жена.

Сања му го простила и тоа, но две години подоцна таа наводно имала афера со Хрвоје Шупих. Како што раскажала, преживеала вистинска животна драма кога поради слепото црево добила сепса и докторите се бореле за нејзиниот живот.

Инаку, Сања во 2012 година завршила на листата на страницата „IMDb“ на најубави актерки на светот, постари од 40 години.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk