Еден од најпознатите српски актери Срѓан Жика Тодоровиќ доживеал голема трагедија кога во 2017 година го загубил синот.
Имено, на 21 декември истата година Жика и Ана го загубиле тригодишниот син Дејан, кој ненадејно починал во нивниот семеен стан.
Оттогаш, за нив секој ден е полн со болка.
Медиумите тогаш објавиле дека момчето починало од синдром на ненадејна смрт (SIDS), која настанува кога не постои објаснување поради што дошло до фаталниот исход.
Поминати се 7 години од смртта на неговиот син, а актерот кој е познат по тоа што не зборува за својот приватен живот во медиумите, пред две години смогнал сили да зборува за тешката ситуација во која се нашол и открил дека сè уште не застанал на нозе.
„Јас секој ден ги гледам неговите слики и го бакнувам. Ги гледам видеата на мојот мобилен телефон. Поминаа пет години … Поминаа пет и пол години, а дури сега го давам ова интервју. Сè уште немам застанато на нозе. Моментално работам на некои емисии за рокенрол музика и воопшто не ме интересира глумата“, вели тој за емисијата „Уна, дуе, тре“.
„Го оставивме да си ја отспие попладневната дремка, овојпат половина час подолго, и веќе беше доцна – целиот беше модар. Кога стигна Итната медицинска помош, тие направија сè, но лекарката ни рече дека е предоцна.
Случајна ненадејна детска смрт (’Sudden infant death syndrome‘ (’SIDS‘)). Така се нарекува состојбата кога дете умира во сон и обично им се случува на деца кои се на возраст од три до пет години. Секако, направија … како се нарекува тоа кога прават крвна анализа за да ја откријат причината за смртта? И тогаш не најдоа ништо и го запишаа како ’SIDS‘. Тоа е официјална болест што постои во САД. Сум разговарал со некои американски парови чие дете, исто така, починало од ’SIDS‘“, се присети Тодоровиќ на најлошиот момент во неговиот живот.
И покрај трагедијата, Тодоровиќ е благодарен што барем накратко почувствувал како е да се биде татко.
„Да речеме, ако јас и Ана не можевме да имаме деца, бидејќи многу парови не можат, дали би бил посреќен? Не знам. Но, во секој случај, благодарен сум на Бога што почувствував како е да се биде татко“, рече актерот.
Кога Жика во 1998 година на Ада Бојана ја запознал Ана Јовиќевиќ, студентка на Филолошкиот факултет, уште од самиот почеток бил сигурен дека ја нашол жената на својот живот. Парот се венчал во нејзината семејна куќа на Цетиње. Секое лето го поминувале во куќата на неговиот татко во рибарското село Бигово, а оваа традиција ја продолжиле и кога добиле дете. Дванаесет години се бореле за потомство, а на 1 мај 2014 година се родил нивниот син Дејан. Актерот изјавил дека татковството му го променило животот за 180 степени и дека престанал да излегува.
За жал, сè завршило трагично.