Кинески календар стар 3000 години ја предвидува иднината по датумот на раѓање: На овие денови се родени „милениците на судбината“

Кармин

16/01/2024

20:29

20.323

Големина на фонт

а а а

Кинескиот календар е стар 3.000 години, но се верува дека има неверојатна моќ на предвидување, а датумот на кој сте родени открива многу за вас. Календарот го опишува секој датум, без разлика на месецот и годината, и врз основа на тоа открива што ви наменила судбината.

Сепак, како што е вообичаено, некои имаат повеќе среќа од другите, а доколку сте родени на одреден датум, кој според кинескиот календар се смета за среќен, тоа многу ќе влијае на вашата судбина.

Овде е клучен самиот датум на раѓање, независно кој месец, но важна е и годината во која сте родени, односно кој знак сте во кинескиот хороскоп.


Стаорец – 1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008 година

Меѓу Стаорците најсреќни се тие родени на 4 или 13 во месецот. Доколку сте родени на 4, ќе живеете стабилен живот, во средните години ќе стекнете богатство, а ќе имате и деца и семејство.

Родените на 13 се благословени со голема среќа, успех во кариерата, а им се предвидува и долг и просперитетен живот.

Вол - 1925, 1937, 1949, 1961, 197.3, 1985, 1997, 2009 година

Среќните датуми на раѓање на Воловите се 13 и 27. Родените на 13-ти во месецот се мудри и почитувани, а во текот на целиот живот ќе имаат луѓе околу себе кои ќе им помагаат.

Среќниците родени на 27 се искрени и великодушни, а нивната желба да помагаат на другите нема да остане невозвратена. Жените родени на овој датум се особено паметни и елегантни и им се предвидува среќен и долг живот.

Тигар – 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010 година

За Тигрите среќни датуми на раѓање се 16 и 27. Доколку сте родени на 16 во месецот ќе водите богат и интересен живот, а ќе стекнете и слава и богатство.

Родените на 27 често имаат помош со која брзо ќе напредуваат во кариерата, а ќе имаат среќа и во изборот на брачен партнер со кој ќе дочекаат многу деца и внучиња.


Зајак – 1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011 година

За родените во годините на Зајакот, среќните датуми се 26 и 29. Првите ќе се истакнат со својата интелигенција и на тој начин ќе стекнат голема почит, а ќе се занимаваат со истакната работа и ќе бидат почитувани во нивната заедница.

Вторите ќе бидат многу среќни во животот, а мажите ќе бидат перспективни на деловен план. Жените родени во годината на Зајакот се паметни и со меко срце, па ќе бидат одлични во односите со луѓето.

Змеј – 1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012 година

Кај луѓето родени во годините на Змејот, најсреќни се оние кои дошле на свет на 1 или 16 во месецот.

Доколку сте родени на 1 во месецот, сè во животот ќе ви оди без проблеми, особено во кариерата, а постои можност да дојдете и до многу висока позиција.

Родените на 16 во месецот се натпросечно паметни и исто така ќе напредуваат во кариерата. Можете да стекнете слава и богатство на полето на науката.

Змија – 1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013 година

Среќни датуми на раѓање во годините на Змијата се 1 и 23. Родените на 1 во месецот ќе имаат живот обележан со бројни среќни настани.

Родените на 23 се сметаат за мудри и храбри. Обично се многу почитувани и имаат одлична кариера, најчесто во политиката или како директори на големи компании, а нема да ги заобиколи ниту среќата во бракот.

КОЊ – 1918, 1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014 година

Родените во годините на Коњот се најсреќни доколку се родени на 5 или 20 во месецот. Првите најверојатно ќе одберат академска кариера и ќе станат одлични наставници со успешна кариера.

Вторите, пак, се благословени со среќа, богатство и моќ, како и големо и среќно семејство.

КОЗА – 1919, 1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015 година

За родените во годините на Козата, најсреќни датуми на раѓање се 7и 30 во месецот. Родените на 7 во месецот имаат голем талент во слушањето на другите, па често се успешни политичари или преговарачи.

Доколку сте родени на 30, судбината ви доделила многу таленти и ќе бидете многу успешни во што и да одлучите да правите.


МАЈМУН – 1920, 1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016 година

Во годините на Мајмунот најсреќни датуми на раѓање се 14 и 28. Доколку сте ордени на 14 ќе имате прилика да стекнете огромно богатство, но и блиски пријатели кои ќе во помогнат во сè.

Родените на 28 ќе имаат многу среќен живот, без никакви тегоби и несреќи.

Петел – 1921, 1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017 година

За родените во годините на Петелот, најдобри датуми на раѓање се 4 и 26.

Родените на 4 во месецот се предодредени за високи позиции и лесно постигнуваат успех. Родените на 26 имаат одлични деловни вештини и најчесто развиваат успешен сопствен бизнис.

Куче – 1922, 1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018 година

Во годината на Кучето најсреќни се 7 и 28.

Доколку сте родени на 7, судбината ви одредила долг живот и добро здравје, а би можеле да стекнете и големо богатство.

Родените на 28 во месецот се паметни и многу почитувани во нивната заедница, а во текот на животот ќе бидат опкружени со лојални пријатели.


Свиња – 1923, 1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019 година

За родените во годината на свињата, најсреќни се 17 и 24 во месецот. Родените на 17 имаат големи интелектуални способности и одлични се во работата, често се занимаваат со истражувачка или развојна работа.

Родените на 24, исто така, се потпираат на својата памет и ќе напредуваат во сопствениот бизнис, што ќе им донесе голема заработка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk