Актерскиот пар Ештон Качер и Мила Кунис одлучиле да ја изнајмат својата куќа во Санта Барбара, а ваквата вест ја соопштија преку симпатично видео на Инстаграм.
„Не е најлудата идеја која сум ја имал. Престојувајте со нас во нашата куќа на плажа и заминете како да сме стари пријатели“, напишал Ештон. Во линкот на „Airbnb“ стои дека таа куќа е нивниот „дом далеку од дома“ и дека оние кои ќе ја изнајмат ги делат само неколку чекори од плажата, а имаат и поглед кон планините Санта Инез.
Во огласот навеле и една посебна поволност за оние кои ќе ја изнајмат куќата.
„Ќе бидеме таму за да ве дочекаме кога ќе пристигнете и ќе се погрижиме да имате сè што ви треба за удобен престој на плажа. Ќе ви бидат обезбедени оброци и закуски, па известете нè дали постојат некакви алергии или други ограничувања во исхраната што треба да ги имаме на ум“, напишал парот.
Куќата може да угости максимум 4 гости, не се дозволени домашни миленици, забрането е пушење, а безбедносните камери на имотот работат 24/7. Ештон и Мила решиле да ја огласат оваа луксузна вила само за една ноќ, од 19 до 20 август.
Сличен потег неодамна направи и Гвинет Палтроу, која на една ноќ, поточно на 9-ти септември, ќе го изнајми својот пансион во Калифорнија.