Знаела дека ја изневерува, но останала покрај него: Конечно откриени детали од турбулентниот живот на Џеки Кенеди

Точка

05/02/2018

12:23

4.533

Големина на фонт

а а а

Иако веќе се напишани бројни книги за една од најпознатите и најомилени американски први дами, делото на авторот Џеј Ренди Тараборели со наслов “Џеки, Џенет и Ли” фрла ново светло врз животот на Жаклин Кенеди Оназис.

Книгата открива сè за односот на Џеки Кенеди кон својата мајка Џенет Ли, како и со сестрата Ли Раѕивил, но и некои други детали за кои се години се молчело. 


Сестрите Џеки и Ли од мали нозе биле воспитувани дека парите и моќта се најважните работи во животот, а тоа секојдневно им го напоменувала нивната мајка која зад себе имала два брака – еден со припадникот на високото друштво склоно кон прељуба, “Блек Џек” Бувие, како и со богаташот Хју Д. Аучинклос.

Жаклин Бувие, по стапките на нејзината мајка, се омажила за моќниот Џон Ф. Кенеди, а приказната за нивната љубов и брак останала вечна тема. По неговата смрт, таа се венчала со грчкиот магнат Аристотел Оназис, но малкумина знаат дека Џеки имала и врска со светски познат архитект, кој на крајот го оставила бидејќи немал доволно пари да го следи нејзиното животно темпо.


Нејзината сестра Ли, наводно имала афера со нејзините двајца мажи, а покрај тоа и самата имала три брака зад себе – со незаконски припадник на кралското семејство, полски принц и холивудски режисер.

Она што ги опишувало трите жени со презиме Бувие, освен убавината и стилот, била и нивната потреба за моќ, пари и статус кој го добивале со венчање за влијателни мажи, а за да стигнат до таа цел, тие не одбирале средства.

Иако имале исти цели во животот, односот на двете сестри бил комплициран и обележан со ривалство поради моќното влијание на нивната мајка врз сите нивни животни одлуки.

Кога станува збор за нејзиниот најпознат брак – оној со Џон Кенеди – новата книга открива дека Џеки била свесна за неговите неверства, а тоа јасно му го дала до знаење.

“Не беше наивна. Тие разговараа на таа тема, а Џеки јасно му даде до знаење дека ѝ е доста од тоа”. Во книгата, авторот напишал дека дури два пати, токму поради неверството, Џеки размислувала за развод, но нејзината мајка и сестра ја убедувале дека тоа не е во ред.

“И тато ја изневеруваше мама, па сè испадна во ред”, ја тешела нејзината сестра.

Иако секогаш била поим за сила и елеганција, во книгата се открива сосема нов поглед на вдовицата на Џон Ф. Кенеди, која по атентатот паднала во депресија, а тагата ја лечела со алкохол и таблети.

“Често зборувала дека ќе изврши самоубиство. Не можела да спие, имала ноќни мори, а покрај сето тоа се обвинувала себеси и за неговата смрт, говорејќи дека куршумот требалo да ја погоди неа, а не него”.


Еднаш, среде ноќ, Џеки ѝ се јавила на нејзината сестра Ли и ѝ кажала дека има намера да испие таблети со вотка бидејќи не сакала да се разбуди следниот ден. Ли веднаш дошла во нејзиниот стан во Њујорк и ги фрлила сите таблети што ги пронашла. По некое време, Џеки собрала сила и отишла на терапија.

Ли сакала да ја врати својата сестра во живот, иако и самата се гледала со богатиот Оназис, па затоа на крајот ѝ се посветила на неа и нејзините деца.

“Била свесна дека, доколку нешто ѝ се случи на Џеки, таа нема да може да живее со тоа. Поради сестра ѝ, Ли се откажала од својата љубов кон Оназис”, напишал авторот на книгата.

По атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди, Џеки не тагувала премногу. Љубовта повторно ја пронашла со архитектот Џон Ворник, кого го запознала при проектирање на вечниот оган во меморијалниот центар за нејзиниот покоен сопруг.


Еден ден, таа и Ворник имале искрен разговор за неговата финансиска ситуација.

“Морам нешто да ти признаам. Имам долгови од 650 илјади долари”, ѝ признал архитектот, а Џеки била сигурна дека тој ќе успее да го реши тој проблем. Набрзо потоа, таа му раскинала.

“Џеки не барала врска со некој кој е во долгови. Така и завршила со Оназис”, напишал Џеј Ренди.


Набрзо по раскинувањето, тие останале пријатели, а Ворник ѝ испраќал писма за секој Валентајн, сè додека Џеки не починала.

Штом дознала дека боледува од не-Хочкин лимфом (вид на рак), Ворник повторно бил покрај неа. Кога ја прашал како ја поднесува дијагнозата, Џеки му кажала: “Плачам одвреме-навреме. Обично тоа е под туш, каде никој не може да ме слушне. Така е најдобро”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk