Од 8 години во секоја категорија 8/10/12/14/16/18 е првак. До 16 години трет во цела Европа од 1.000 деца, а до 18 години 76-ти. Има играно на јуниорските Ролан Гарос и Вимблдон. Има освоено АТП титула во Грузија со награден фонд од 15.000$ во сингл категорија и одиграно многу финалиња во дабл конкуренција каде освоил 6 титули.
Прочитај повеќе„Започнав со кајакарење во далечната 1999 година и чувството кое го почуствував на првиот тренинг и самата средина во која се наоѓаш е многу поразлична од другите спортови. Кајакот е спорт во природа и секој натпревар и подготовки се одвиваат на различни терени што и самото тоа придонесува да никогаш не ми биде здодевно за време на обавување на тренинзите и натпреварите и секогаш посакуваш да се најдеш на некоја нова патека“ –раскажува за Точка, европскиот првак во кајак, велешанецот Љубомир Спасиќ.
Прочитај повеќеАко сакате да бидете вечно млади, па дури и кога телото старее, а духот е се уште млад, одличен начин да се надмине таа контрадикторност е вежбањето јога. Ослободување од стресот, негативната енергија и свртување кон себе.
Прочитај повеќеСместен на раскрсницата на платоните на Колорадо, Големиот слив и Мојаве пустината се наоѓа кањонот Зион. Најниската точка во паркот е 3.666 стапки (1,117 m) на Коалитс мијал и највисокиот врв е 8.726 стапки (2,660 м) на планината Коњ Ранч.
Прочитај повеќеФранција е домаќин на Светското првенство во фудбал за жени, ФИФА 2019. Во рамки на првенството се организираше спортски фестивал на кој беа поканети жени и спортски организации кои работат на полето на еднаквоста и инклузијата. Наши претставнички учествуваа во поставување на нов Гинисов рекорд за најголем број на играчи во континуиран натпревар во мал фудбал, вкупно 807, а играта траеше цели 69 часови со резултат 404-369. Ексклузивно за овој настан вас читателите на Точка ве информира Силвија Митевска.
Прочитај повеќеОвој мој подвиг им го посветив на големите пријатели од планината кои минатата зима прерано не напуштија, Калина и Александар - раскажува Александар Кирковски кој неодамна го искачи врвот Аконкагва во Јужна Америка, највисок на континентот, за 12 часа до врвот и назад.
Прочитај повеќеКога ќе се спомене Милошевски не е непознато презиме во автомобилизмот. Но, токму поради тоа што таа Маја Милошевска е женско, бевме љубопитни од каде потребата за трки, со оглед на тоа дека кај нас па и не се така популарни меѓу жените.
Прочитај повеќеОколу 40-тина најдобри сноубордери (машки и женски) од регионот ќе се натпреваруваат викендов во Маврово. Претседателот на „Полар“ Кирил Насков најавува незаборавна забава и дружење и за учесниците, но и за оние кои ќе го проследат натпреварот во неколку категории: Слоуп стајл во фристајл скијање и сноубордиг, Биг Аир во фристајл скијање и сноубординг, Паралелен велеслалом во сноубординг и Паралелен велеслалом во сноубординг. Заборавете на мобилните, компјутерите и останатите придобивки на современата технологија и дојдете викендов во Маврово да дишеме чист возух и да уживаме во вештините на младите сноубордери.
Прочитај повеќеАкција која е успешна не само заради техничката тежина на искачувањата, можеби најтешки до сега направени од македонски алпинисти во Алпите, туку заради тоа што го научиле: Се формира една генерација која има исто гледиште кон развојот на алпинизмот во Македонија, која своите можности ги тестира во реално опкружување, учејќи што треба да се направи за да се направи тој чекор “преку“, чекор понатаму, чекор повисоко.
Прочитај повеќеПовод за интервју со д-р Назим Куртовиќ се актуелните светски правила во карате. Токму трудот на нашата македонска карате легенда, насловен како „Квантификација и евалуација на ката-перформансите во спортското карате“, беше основа за примена на новите правила во дисциплината кати (состави).
Прочитај повеќеНад 70 натпреварувачи ќе бидат дел од третиот по ред Меѓународен натпревар во уметничко лизгање кој ќе се одржи на 22.02 и 23.02 во СЦ „Борис Трајковски“. Македонските натпреварувачи имаат завидни резултати на евроспките натпревари, но потребна им е сала на затворено за да можат да тренинираат без прекини - објаснува Цветанка Макаровски, Претседател на Федерацијата за Лизгачки Спортови.
Прочитај повеќеКросфитот како еден од поновите начини на вежбање, полека си го наоѓа и својот пат во Македонија. Со цел подобро да се запознаеме со ваквата дисциплина, поразгорававме со Игор Попоски, дипломиран професор по физичка култура и кросфит тренер.
Прочитај повеќеВрв кој е тешко пристапен за нормалниот човек. Се наоѓа во моментално кризно подрачје каде владеат немири и има забрана за движење.
Прочитај повеќе“Еј здраво Македонци, се радуваме што ве гледаме во нашиве планини. Ајде доста се занимавате со политика, занимавајте се малку повеќе со планинарење, доаѓајте почесто во нашиве планини“ – ова е една од пораките што ја добиле нашите алпинисти на последното искачување на мраз на Алпите. Акцијата била поддржана од Агенцијата за млади и спорт на Република Македонија.
Прочитај повеќеДејан Митров и Коста Тахов од Велес повеќе од 10 години возат активно велосипеди. Биле на повеќе далечни дестинации надвор од границите на нашата земја. Но, овојпат се охрабрија да патуваат со велосипед од Велес (од дома) до Истанбул со нивното омилено превозно средство.
Прочитај повеќе