[ВИДЕО] „Џокерот“ од клупа го засени Винисиус со два гола, Бразил испорача „четворка“ против Индија

Дерби

03/10/2026

19:22

269

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор не е во најдобра и најпосакувана форма и тоа го заклучија Карло Анчелоти и самиот фудбалер, а по договор со селекторот, ѕвездата на Реал Мадрид денеска доби и мала поштеда.

Бразил во улога на голем фаворит отиде на мегдан со Индија и запиша убедлива победа, а Винисиус беше изваден од теренот по 45 минути игра.

За да се избегне проблем кој би можел да го загрижи Реал, како оној на Рафиња со Барселона, Анчелоти го извади Вини по првото полувреме, а дотогаш, Бразил веќе постигна два гола.

Естевао блескаше во првиот дел со гол и асистенција до Педро, додека во вториот дел, човек на одлука беше „џокерот“ кој го замени Винисиус.

Самуел Лино на најдобар можен начин ја искористи својата шанса, па со два гола во мрежата на Индија ги постави конечните 4:0 на овој контролен меч.