Кин со брутален коментар за играта на Хрватите против Англија: Шокиран сум, изгледаат како…..

Дерби

03/10/2026

20:21

263

Големина на фонт

а а а

Првото полувреме кое го одигра Хрватска против Англија во најмала рака е срамно и разочарувачко, а четирите примени гола беа и премалку ако се знае дека Англичаните имаа уште две-три стопроцентни шанси.

Тимот на Славен Билиќ беше целосно надигран и понижен во воведните 45 минути, па овој дел од играта му беше доволен на Рој Кин да извлече заклучок за оваа средба.

Како аналитичар за „Ај-Ти-Ви“, Кин бираше зборови за да ја опише мизеријата на Хрватите во Ријека, но од друга страна, ко опиша Џуд Белингам како фудбалер кој изгледал како да игра со дечиња во дворот.

– Не можам да поверувам што гледам во првото полувреме. Англија беше фантастична и со топка и без топла. Ова е најдоброто издание на Англија со Тухел, намирисаа крв и ова може да заврши многу лошо за Хрватска.

– Хрватска игра без физичка сила, едноставно како да не се појави на теренот. Изгледаа како јуниорска екипа, навистина сум целосно шокиран. Белингам изгледа како возрасен човек кој игра против деца, – порача Кин.