[ВИДЕО] Најтежок пораз во историјата: Англија ја демолираше Хрватска, Ковачиќ ја режираше утката на кариерата

Дерби

03/10/2026

20:56

254

Големина на фонт

а а а

Хрватската фудбалска репрезентација вечерва го доживеа најтешкиот пораз во својата историја, откако на домашен терен на „Рујевица“ беше посрамотена и понижена од Англија во натпревар кој имаше едносмерен тек.

Тимот на Томас Тухел намириса крв од самата завршница и до врв ја наполни мрежата на Ливаковиќ, а конечните 0:7 уште долго ќе одѕвонуваат во мислите на хрватските фудбалери, но и фановите.

Хари Кејн го отвори резултатот во 8-та минута, до крајот на првиот дел погодија уште Белингам, Гордон и Сака за неверојатни 0:4, по што веќе стана јасно дека Хрватска ја очекува катастрофа.

Од првиот дел, за издвојување е и нестварното промашување на Матео Ковачиќ кој ја режираше најголемата утка во својата кариера, а тоа беше единствена голема шанса Хрватска да постигне почесен гол.

Вториот дел беше едносмерна улица како и првиот, со тоа што Ливаковиќ уште три пати ја вадеше топката од својата мрежа. Кејн со својот втор гол погоди за 0:5, двоен стрелец на овој натпревар беше и Сака, а конечните 0:7 ги постави Роџерс.