Се уште чекаме да се вратат возбудувањата на клупската сцена, возбудувања кои дефинитивно недостатигаат и со нетрпение ги чекаат сите фудбалски фанови.
Во меѓувреме до крај ќе бидат испратени репрезентативните натпревари кои носат свој „шмек“, поточно истите можат да бидат и еден вид на загревање за тоа што следи за отприлика една седмица.
Златан Ибрахимовиќ веќе неколку години е во фудбалска пензија, но е присутен на сцената и со внимание ги следи сите настани. Токму легендарниот напаѓач за „ЕСПН“ имаше можност да даде прогноза за тоа кој ќе ги освои пехарите во неколку натпреварувања како Премиер лигата, Ла Лига, Лигата на шампионите, англискиот ФА Купот, а даде и свој тип за тоа каде ќе заврши „Златната топка“.
Zlatan's picks for some of the biggest awards and league winners in Europe are spicy 👀🔥 https://t.co/PC75L9skMQ
— ESPN FC (@ESPNFC) October 2, 2026








