[ВИДЕО] Шпалир, овации и аплаузи за Џеко: Би сакал да е 1. април…

Дерби

03/10/2026

11:10

242

Големина на фонт

а а а

Босна и Херцеговина не успеа да ја совлада Шведска на вчерашниот меч во Лигата на нации, но резултатот од средбата во Зеница падна во втор план, а причината за тоа беше Един Џеко.

Големиот гол мајстор стави крај на репрезентативната кариера, две децении го носеше националниот дрес, одигра 152 натпревари и постигна 73 погодоци. Тој на достоинствен начин беше испочитуван од страна на навивачите, колегите, противниците, доби шпалир, заслужени овации и аплаузи од публиката.

-Би сакал да е 1 април и да можев да кажам: „Ви благодарам на сите што дојдовте, што подготвувавте сè, не се збогувам“. Веќе не сум доволно возрасен за такви шеги. Мислам дека ова е вистинското време, вистинскиот момент. Го оставам тимот во добра форма, а има и млади момци кои ќе стануваат сè подобри и подобри. Напред имаме играчи кои знаат да постигнуваат голови и навистина си заминувам среќен. Сега сум на ваша страна, на страната на навивачите, -порача Џеко кој запрашан дали во иднина би се вратил во репрезентацијата во некоја друга улога, тој одговори:

-Не сум размислувал за тоа но еве ме, отидов преку 40 години. Прво треба малку да се одморам бидејќи сето ова е тешко, и психолошки и стресно. Ќе ми треба малку време, но познавајќи се себеси, наскоро ќе посакам нешто. А што ќе биде, ќе видиме. Морам да имам чувство во себе дека го сакам тоа, -нагласи најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на БиХ.