[ВИДЕО] Македонија пред 18 години ја доби Шкотска, Седлоски беше еден од играчите кој одигра клучна улога

Дерби

03/10/2026

13:55

282

Големина на фонт

а а а

Шкотска е новиот предизвик за македонската фудбалска репрезентација, нова можност за добар резултат и враќање на самодовербата, насмевките кои веќе некое време ги нема.

Шкотите се фаворит на хартија на вечерашниот меч на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, но островјаните знаеле да паднат токму на овој терен и тоа се случи во 2008 година во квалификациите за Светското првенство.

Македонија тогаш славеше со 1-0, а еден од „виновниците“ за триумфот беше сегашниот селектор Гоце Седлоски. Седлоски кој тогаш ја носеше капитенската лента, по комбинацијата со Пандев и Шумуликоски шутираше силно од слободен удар, Гордон со помош на стативата одбрани, но Наумоски натрча и ја смести топката на посакуваното место.

Секако посакувано едно вакво сценарио и оваа вечер од 20:45 часот.

Нашата селекција го дочекува дуелот со нула бодови, без постигнат гол и пет примени, додека противникот исто така нема дадено гол, ремизираше со Словенија (0-0), ама и беше преслушан од Швајцарија.