Седлоски го промени системот за Шкотска: Побројна одбрана и Елмас и Миовски во нападот

Дерби

03/10/2026

20:19

183

Големина на фонт

а а а

Двата порази од Швајцарија и Словенија на стартот на новата сезона во Лигата на нации го натераа Гоце Седлоски да испроба со промена на системот, па така на третиот меч во Б дивизијата ќе го гледаме нашиот тим во формација 3-5-2.

Целта е нашиот национален тим да има побројна и поцврста одбрана оваа вечер во дуелот со Шкотланѓаните, па така пред Димитриевски ќе гледаме тројца стопери, како и двајца бекови кои повремено ќе сочинуваат систем со пет дефанзивци.

Мелиќи, Младеновски и Муслиу се поставени како стопери пред голманот Димитриевски, Станковски и Гаштаров се во средниот ред, а таму ќе го гледаме и Барди.

Капитенот не беше дел од стартната постава против Словенија во Љубљана, но вечерва се враќа во почетните 11 и ќе делува во средниот ред заедно со Станковски и Гаштаров.

На страничните позиции во два правции ќе играа Илиевски и Ерера, а во нападот место добија Елиф Елмас и Бојан Миовски.

Стартни 11: Димитриевски, Мелиќи, Младеновски, Муслиу, Илиевски, Барди, Гаштаров, Станковски, Ерера, Елмас, Миовски