Серијата „Baywatch“ своевремено предизвика толкава еуфорија, што животот на повеќето главни актери денес се дели на „пред и потоа“. Најмногу профитираше Памела Андерсон, но ниту Дејвид Хаселхоф нема причина да се жали, бидејќи токму згодниот Мич Бјукенон го вивна меѓу суперѕвездите.
Но, кога денес би го сретнале на улица, веројатно не би го препознале оној исончан маж кој со своите „Чувари на плажата“ ги надгледуваше плажите на Малибу. Годините, борбата со зависноста, загубата на поранешната сопруга, а за жал и болеста, го направија своето.

Минатото лето, низ светот се проширија фотографии од стар човек кого на аеродром го туркале во инвалидска количка. Само ретки сфатиле за кого станува збор. Тоа бил Дејвид Хаселхоф (74), по кого некогаш воздивнуваа милиони жени, а сето тоа благодарение на симпатичниот Мич и култната серија која му донесе огромна популарност, иако и претходно беше добро познато име во Холивуд.

Откако во март 2025 година ја загуби поранешната сопруга Памела Бах, славниот актер ретко се појавува во јавноста, а кога папараците ќе го фотографираат, неговиот изглед предизвикува загриженост. Повеќе не може да се движи без помош на бастун, лицето го крие под капа, делува слабо и исцрпено, а понекогаш, како изминатиот викенд, го гледаат во близина на куќата во Лос Анџелес во бањарка. Претходно годинава бил снимен и со одалка.

Иако неговиот претставник за медиуми порача дека сè е во ред, очигледно е дека закрепнувањето по операциите на колкот и коленото се одолжило. Некогашниот секс-симбол и понатаму се соочува со последиците од сложените интервенции, а најголема поддршка му е сопругата Хејли Робертс, со која се венчаше во 2018 година во Италија.

Зад него стои бурен љубовен живот. Се женел трипати. Првото судбоносно „да“ го изговорил на актерката Кетрин Хикленд, но најголемата љубов на славниот Мич била убавата Памела Бах, со која се оженил во 1989 година. Имаат две ќерки, Тејлор и Хејли. Разводот, сепак, бил турбулентен, а Дејвид Хаселхоф во тој период имал и сериозни проблеми со алкохолот.

Ситуацијата кулминирала кога во јавноста протекла снимка на која лежи пијан на подот, додека децата се обидуваат да му помогнат. Потоа заминал на лекување од зависноста и почнал отворено да зборува за своите демони. Меѓутоа, кога слушнал дека Памела си го одзела животот, целиот негов свет се урнал. Под притисок на огромната тага паднал во депресија и се нашол во толку тешка психичка состојба што ќерките и Хејли не смееле ниту за миг да се одвојат од него.
Благодарение на шармот, препознатливата насмевка и имиџот на заводник, долго време важеше за миленик на женскиот дел од планетата. Но, зад сиот тој сјај и гламур се криел живот исполнет со бројни подеми и падови, со кои телевизиската икона често не била способна да се соочи. Дури големата семејна трагедија и здравствените проблеми го натерале да закочи и да сфати колку е важен секој момент од животот.















