[ФОТО] Водителката Цеце Николова заљубена и среќна: По една година го покажа мажот кој ѝ го освоил срцето

Точка

01/09/2026

16:43

1.543

Големина на фонт

а а а

Водителката Цеце Николова повеќе не ја крие својата љубов. По една година врска, таа за првпат јавно го покажа својот партнер Јане Јанев, познат во македонските естрадни кругови како менаџер, организатор на настани и букинг агент.

Цеце досега внимателно го чуваше својот љубовен живот подалеку од очите на јавноста. Иако во изминатиот период повремено споделуваше фотографии со партнерот, на нив најчесто можеше да се забележи само неговата рака, но не и неговиот лик.


Сега, по една година љубов, водителката реши да стави крај на мистеријата и на Инстаграм објави серија романтични фотографии од нивното заедничко летување во Грција.

Романтични моменти покрај море

На фотографиите Цеце и Јане уживаат во романтични моменти покрај морето. На една од нив се шетаат на плажа под месечината, додека на други се прегрнуваат и разменуваат нежности за време на вечера во таверна.


За романтичната вечер, Цеце избрала долг бел фустан, а покрај фотографиите оставила само кратка порака со која открила колку долго трае нивната љубовна приказна.

„Една година“, напишала таа со емотикон во форма на срце.

Кој е Јане Јанев?

Јане Јанев е познат како естраден менаџер, организатор на настани и букинг агент кој соработува со македонски музички артисти. Тој е сопственик на „Lollipop Entertainment Group“, компанија која работи во областа на музичкиот менаџмент, организацијата на настани и забавната индустрија.

Интересно е што двајцата не се запознале неодамна. Цеце и Јане се познаваат веќе неколку години и професионално соработуваат, односно Николова е ангажирана како ПР-менаџер во неговата компанија, а нивниот однос со текот на времето прераснал во љубов.