Италијанската спортска водителка Дилета Леота ужива во летните денови, а дел од атмосферата сподели и со своите следбеници на Инстаграм.
Леота објави серија фотографии на кои покажа неколку опуштени летни изданија. Во прв план е бикини со впечатлив црно-бел дезен, кое го искомбинирала со големи очила за сонце, додека фотографиите ги направила покрај морски пејзаж и карпи.
На фотографиите, меѓу другото, облекла и неон зелени бикини, кои ги искомбинирала со фармерки, додека кошулата ја врзала околу струкот.
Позирала со својот сопруг, германскиот фудбалер Лорис Кариус, со пријателките, синот Леонардо и ќерката Арија Роуз.
„Август“, навела во описот на објавата. Следеле бројни пофалби на сметка на нејзиниот изглед.
„Прекрасна Дилета“, „Оваа жена изгледа апсолутно совршено“, „Кариус е среќен маж“, „Ме мотивираш да одам во теретана“, биле дел од коментарите на Инстаграм.

Дилета во мај оваа година го роди Леонардо. Само еден месец подоцна се врати на големите професионални обврски како едно од заштитните лица на следењето на Светското првенство во 2026 година на „DAZN“ во Мексико, каде што правела интервјуа и известувала од натпреварите.
Во текот на летото продолжи да ги балансира мајчинството и работата, повремено споделувајќи семејни моменти со Кариус и децата, но и фотографии од одморот на Сицилија.



















