[ФОТО] Нема да верувате кој е на овие фотографии: Истите го обиколија светот, а тој стана главна ѕвезда „преку ноќ“

Точка

28/08/2026

18:17

1.193

Големина на фонт

а а а

Принцот Алберт Втори од Монако реши да ги насмее децата, па затоа носел необична маица и рибарска шапка, но не се надевал дека папараците ќе го следат.

Само три дена откако присуствуваше на осветувањето на нова, реновирана капела во француската провинција, принцот Алберт II од Монако реши да се качи на јахта и да плови по Француската ривиера со своите деца.


Во придружба на децата Жак и Габриел, кои ги има со принцезата Шарлин, Алберт уживаше во морето. Во еден момент, инаку многу сериозниот принц, облекол маица со апликација од женско тело во бикини и рибарска шапка. Оваа облека ги насмеа неговите деца, кои уживаа, а папарацо фотографиите го обиколија светот:

По солзите на свадбата, започна приказната за вонбрачните деца

Приказната за несреќниот брак на принцот Алберт II од Монако и принцезата Шарлин започна со нивната прва венчавка во капелата додека невестата плачела, а младоженецот шепотел: „Престани да плачеш“.


Се шпекулираше дека Шарлин неколку дена пред свадбата дознала дека нејзиниот принц не е витезот од бајките. Имено, тој имал безброј љубовници, додека приказните за вонбрачните деца почнале да се нижат. А, потоа наводно го конфискувал нејзиниот пасош, па таа немала друг избор освен да се омажи за принцот од Монако.


Така „сиромашната принцеза Шарлин“ сепак родила близнаци од принцот и живеела со него во палатата. Иако, оваа приказна звучи малку имагинарно, бидејќи животот во замокот на едно од најбогатите кралства не може да биде толку лош, принцезата Шалин навистина избега во нејзината родна Африка некое време и остана таму, а кога се врати изгледаше болно и исцрпено.


Денес, таа и принцот Алберт се во еден вид договорен брак, скандалите повеќе не се шират, но приказната за неговите деца продолжува да се шири.