Николо Барела е еден од најважните фудбалери на Интер, ас кој од 2019 година е во Милано каде пристигна од Калјари прво на позајмица, а потоа беше откупен неговиот договор.
Веќе има сериозен стаж во таборот на „нероаѕурите“, освои доста титули меѓу кои две и претходната сезона, но секоја година е нов почеток и тоа добро го знае италијанскиот репрезентативец.
- Да се подобриме уште повеќе во споредба со минатата година. Сакаме да продолжиме таму каде што застанавме, играјќи го нашиот најдобар фудбал. Ова е интензивен тренинг камп. Некои се справуваат подобро, некои се заморуваат малку повеќе, на некои им треба повеќе време за да ја пронајдат својата совршена форма, -вели Барела кој најави новитети во неговата игра.
- Киву побара да му помогнам на тимот со моите карактеристики. Сега кога Лаути [Лаутаро Мартинез] е отсутен – разговарав со него пред финалето – треба да го направам моето присуство малку повеќе да се чувствува, да се однесувам малку како капитен. Од првиот ден кога дојде менаџерот, тој секогаш ми покажуваше неверојатна доверба и се однесуваше прекрасно кон мене.
- Се упатувам кон сезона во која се обидувам да развијам малку поинаков стил на игра, бидејќи моето тело понекогаш реагира различно. Се обидувам да играм на „попаметен“ начин во однос на самоменаџирањето, да бидам поконзервативен. Нашиот стил на игра, со крилните бекови кои ни помагаат да се движиме напред, ми овозможува да го правам ова. Сега имам 29 години, а не 23 како кога пристигнав, - вели Николо кој сака да се пензионира во Интер.
- Да, ама тоа зависи од тоа колку брзо ќе стареам. Никогаш не помислував дека ќе станам играчот со најмногу асистенции во историјата на Интер, ама се случи. Никогаш не сум ни помислил да станам заменик-капитен. Но, ако ме прашате дали тоа е она на што се надевав, би рекол да. Исто како што би сакал да станам, на пример, играчот со најмногу настапи во овој дрес, но не се задржувам на тоа. Кога пристигнав тука, си реков: Ќе играм за Интер, ќе дадам сè од себе и ќе освојам сè. Можев да направам уште подобро, но горд сум на досегашното патување, - заклучи Италијанецот.











