[ФОТО] Сопругата на Лионел Меси по поразот на Аргентина на Светското првенство: Ти се восхитувам повеќе отколку што зборовите можат да опишат

Точка

21/07/2026

21:31

2.125

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо, се огласи на социјалните мрежи откако Аргентина загуби од Шпанија на Светското првенство. Таа му упати зборови на поддршка на својот сопруг.

На Инстаграм објави негови фотографии и напиша:

„Засекогаш ќе бидеш најдобриот, не само поради твојот талент, туку и затоа што никогаш не престана да бидеш свој, бидејќи што и да се случи, никогаш не се откажуваш. Секогаш се бориш до самиот крај и даваш сè од себе до последната секунда. Таа сила, тој менталитет и начинот на кој секогаш повторно се издигнуваш се она што те прави единствен“.


Потоа му се заблагодари што секојдневно покажува дека успехот се гради со напорна работа, жртвување и истрајност, а притоа никогаш не заборава кој навистина е.

„Ти си најдобриот пример за нашите деца и инспирација за милиони луѓе. Ти се восхитувам повеќе отколку што зборовите можат да опишат и чувствувам огромна гордост што чекорам низ животот покрај тебе. Те сакам бескрајно“, наведе таа.


Фудбалската репрезентација на Шпанија по вторпат стана светски првак, откако во финалето на Светското првенство, и повеќе од заслужено, ја совлада Аргентина по продолженија со 1:0.

Лионел Меси и Антонела Рокуцо се во брак од 2017 година. Имаат три сина: Тијаго, Матео и Чиро.