Рома во акција за стопер од Премиер лигата

Дерби

22/07/2026

12:07

150

Големина на фонт

а а а

Рома ќе игра во Лигата на шампионите во новата сезона, но засега тоа не е искористено од страна на калчолигашот ако се погледнат потезите во досегашниот летен преоден рок.

„Волчицата“ се мачи и последниот играч кој им избега е Крисенсио Самервил кој се очекува да заврши во Саудиска Арабија во редовите на Ал Хилал.

Сега мета на Рома е уште еден фудбалер од Премиер лигата, ама од дефанзивната линија и тоа е Аксел Дисаси. Французинот од 2023 година е дел од Челси, но последните клубови во кои настапуваше беа Астон Вила и Вест Хем каде играше како позајмен фудбалер.

Тимот од Рим сака ова да го искористи и да го доведе на заем со право на откуп. Челси бара 20 милиони евра за дефанзивецот кој е под договор до 30 јуни 2029 година.