Шпанската фудбалска репрезентација доживеа спектакуларен дочек во својата родна земја по освоената светска титула во САД, а во големата фешта која се одржа низ улиците во Мадрид, главен збор имаа голем број ѕвезди кои го остварија резултатот за кој сонуваше цела нација.
Фудбалерите продефилираа низ улиците во Мадрид и на крајот заврши на плоштадот „Сибелес“, а оттаму добар дел од нив имаа и јавни обраќања до присутните фанови.
Родри како капитен на тимот прв доби шанса да зборува, па откако во повеќе наврати го зема микрофонот во своите раце, играчот за врска реши да издвои и едно име кое е посебно важно за тимот.
Феран Торес беше мета на критики и многумина се прашуваа зошто добива шанса во националниот тим, па иако стигна до финалето без ниту еден постигнат гол, на крајот неговата умешност и добра реакција направија Шпанија по вторпат во историјата да освои светска титула.
– Сакам да издвојам една личност која е многу важна за оваа група и многу специјална за мене. Станува збор за играч кој многупати доживеа неправди и критики, но кој денеска е дел од историјата на шпанскиот фудбал. Сега сите ќе пееме заедно: Феран, Феран, Феран…, – порача капитенот Родри.







