Скалони се врати во Аргентина и покажа класа со одговорот кој го даде за супериорната Шпанија

Дерби

22/07/2026

11:26

281

Големина на фонт

а а а

Дел од аргентинските фудаблери употребија агресија во знак на револт за загубеното финале од Шпанија во Њу Џерси, а додека некои се обидоа да ги лечат фрустрациите со поплаки и протести за дел од судиските одлуки, Лионел Скалони уште еднаш се прикажа како прав џентлмен.

Соборен од емоциите кои го совладаа веднаш по финалето, аргентинскиот селектор имаше проблем да го доработи официјалниот прес на „МетЛајф“ стадионот, но сега со ладна глава даде низа интересни одговори за домашните новинари.

По враќањето во Аргентина, Скалони одговори за голем број медиумски куќи, а по едно поставено прашање за можни спорни одлуки во финалето, тренерот ја призна супериорноста на Шпанија.

– Дали арбитражата беше неправедна во финалето? Не, изгубивме поради тоа што беа подобри од нас. Момци, мора да се признае тоа, мора да се признае дека играа подобро од нас.

– Веројатно пристигнавме со ограничени ресурси поради заморот, тоа е реалноста, но треба да се биде голем и во пораз. Понекогаш е добро да се признае дека противникот е подобар, сметам дека тоа ќе не направи подобри во иднина. За жал не можевме да победиме, игравме да ги израдуваме сите Аргентинци, но овојпат не успеавме. Нема да застанеме тука и ќе продолжиме да се бориме во иднина, – изјави Скалони.