Ѓоковиќ: Двајца Хрвати најмногу ми помогнаа кога бев слабо момче кое се пробиваше во тенисот

Дерби

21/07/2026

12:26

1.100

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ беше дел од „Фанатик фестивалот“ кој се одржа во Њујорк како добра увертира за големото финале на Светското првенство, па покрај тоа што имаше улога на модератор на настанот, големиот тениски рекордер имаше време да води и опуштени разговори со медиумите од САД.

Српскиот тенисер низ годините прерасна во грен-слем рекордер и за многумина тој е најголем тенисер на сите времиња, но пред да дојде до голем број историски достигнувања, патот на Ноле не беше воопшто лесен.

Ѓоковиќ во безброј наврати говорел дека војната во Србија го направила да се претвори во ментален ѕвер кој не планира да му подари ништо на било кого, но на своите почетоци на АТП турот, признава дека голема помош добил од двајца Храти, Марио Анчиќ и Иван Љубичиќ.

– На почетокот на мојата кариера, посебно ми помогнаа двајца момци од Хрватска, Марио Анчиќ и Иван Љубичиќ. Беа на третото и на седмото место во светот, а јас тогаш имав ист тренер како Љубичиќ. Тој во тоа време беше трети во светот, додека јас бев тинејџер кој не знаеше каква жица за рекетот треба да користи, каков рекет треба да користи, каков баланс и каква тежина треба да има.

– Како слабо момче од Србија кој се пробива на светскиот тениски врв, само го барав својот пат и се обидував да се изборам за мое место. Љубичиќ ми помогна многу, тој ме водеше и ми објаснуваше како да разговарам со медиумите и како да се однесувам. Сепак, најдобриот совет е оној кој ми го даде за себе. Ми порача да останам свој и автентичен, а јас се обидов тоа да го направам во целост, – вели Ѓоковиќ.