Гави за инцидентот со Паредес и потенцијалната казна: Знам дека не е добра слика за децата…

Дерби

22/07/2026

11:29

364

Големина на фонт

а а а

Шпанија ја совлада Аргентина и го освои 23. Светско првенство и тоа во меч кој на моменти беше тензичен со тоа што кулминацијата се случи по крајот на дополнителните 30 минути во кои „гаучосите“ се „исклучија“ и се обидоа да покажат сила над новите шампиони.

Се тргна од ударот на Молина кон Родри, Шпанците се обидоа да застанат во одбрана на капитенот, Паредес го фати Гарсија за врат. Гави сакаше да помогне по што се дојде до плус мешаница во која Леандро и Алмадо го испратија фудбалерот на Барселона на тревникот.

Допрва ќе видиме дали за овие потези, моменти Аргентинците ќе добијат казна, но за Гави е се чисто и смета дека Пареден не заслужува да заработи суспензија.

- Не, искрено? Не мислам дека треба да биде суспендиран (Леандро Паредес). Разбирам дека не е добра слика за децата, но фудбалот има и таа пофизичка, поагресивна страна. Логично би било да го исклучат за време на натпреварот, и тоа е тоа. На крајот на краиштата, тоа е фудбал и мислам дека секогаш треба да остане така, - порача големиот борец.