Почина легендарниот Мирчеа Луческу: На состанок пред натпревар седнал на стол и „само се изгасил“

Точка

07/04/2026

20:52

603

Големина на фонт

а а а

Тажна вест од Романија – почина Мирчеа Луческу, еден од најзначајните европски тренери во историјата.

Легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу, најтрофејниот стручњак во историјата на фудбалот во својата земја, почина овој вторник на 81-годишна возраст.


„Универзитетската ургентна болница во Букурешт известува дека денес, во вторник, околу 20:30 часот (19:30 по време во Македонија) е потврдена смртта на господинот Мирчеа Луческу“, соопштија од болницата.


Луческу беше еден од најзначајните европски тренери на преминот меѓу вековите и еден од најголемите во историјата на источноевропскиот фудбал. Освојуваше европски трофеи со Галатасарај и Шахтјор, ги постави темелите на моќниот украински клуб, а беше шампион на таа земја и со Динамо Киев. Со успех работеше и во Зенит, но и во „Серија А“ на почетокот на деведесеттите, каде што го препозна талентот на тогаш 15-годишно момче кое подоцна изгради голема кариера – Андреа Пирло.


Луческу во март ја водеше репрезентацијата на Романија на бараж натпревар за Светското првенство против Турција, но неговиот тим загуби со 0:1. Се покажа дека работел практично до последните денови, бидејќи неговата состојба нагло се влошила по плеј-офот и завршил во болница, каде што од викендот, за жал, се очекуваа најлошите вести поради сериозни проблеми со срцето.


Му се слошило пред пријателски натпревар против Словачка, за време на состанок за тактика. „Седна на стол и само се изгаси“, пренесоа тогаш романските медиуми.


Тој ја водеше репрезентацијата на Романија во повеќе наврати – од 1981 до 1986 и од 2024 до 2026 година. Седеше и на клупата на Динамо Букурешт, тим со кој како играч освојуваше бројни титули и беше едно од најдобрите крила во домашното првенство. Беше тренер и на Интер, како и на репрезентацијата на Турција.