[ВИДЕО] Брутална сцена од Данска: Капитенот на Копенхаген го понижи ривалот, па му се смееше во лице

Дерби

07/04/2026

15:10

266

Големина на фонт

а а а

Копенхаген е далеку од времето кога се бореше за титулата во домашното првенство, но како тим кој се најде во групата на тимови кои се борат да не испаднат, данскиот великан има далеку полесна задача.

„Бело-сините“ изминатиов викенд го декласираа Силкеборг со 7:0 на домашен терен и се зацврстија на осмата позиција, а овој натпревар стана доста актуелен во јавноста и поради една брутална сцена.

Самиот резултат беше посебно тежок за гостите од Силкеборг, но еден фудбалер од противничкиот тим мораше да трпи и сеир каков што ретко се гледа на терените.

Истиот го режираше капитенот на Копенхаген, кој реши да му се потсмева на ривалот во лице откако го насамари.

Дефанзивецот Занка го насамари напаѓачот Банкиз со „тунел“, а откако му ја продаде финтата, реши и да му се смее во лице.