Синер подели „компир“ на стартот во Монте Карло, Алкарас му препушти само четири гејма на Баез

Дерби

07/04/2026

15:32

168

Големина на фонт

а а а

Како главни фаворити за трофејот во Монте Карло, Карлос Алкарас и Јаник Синер беа слободни во првата рунда, а во втората веќе потврдија дека тие ќе бидат двајцата кои ќе се прашуваат за многу нешта во „кнежевството“.

Главната фаза од Мастерс турнирот од серијата 1000 стартуваше со импресивен тенис од Синер, кој во Монте Карло продолжи онаму кадешто застана во Индијан Велс и Мајами.

Синер не наиде на посериозен отпор и Иго Имбер и се задржа само 65 минути на теренот, при што подели и „компир“ во вториот сет.

Откако го доби првиот со 6:3, Италијанецот беше уште побрутален и не му дозволи ниту еден гејм на Французинот, кој на крајот загуби со 6:0 во вториот сет во кој освои само шест поени.

Во слично издание како она на Синер се прикажа и Карлос Алкарас, кој иако играше против специјалист за земја, со својата игра направи тоа да не се почувствува на теренот.

Себастијан Баез освои само еден гејм во првиот сет (6:1), додека во вториот стигна до три, но не можеше да направи ништо повеќе од тоа (6:3).