Бенфика останува единствен непоразен тим во португалското фудаблско првенство, но на шест кола пред крајот, се добива впечаток дека „лисабонските орли“ ја пропуштија последната шанса да се приклучат во трката за титулата.
Тимот од Лисабон можеше да профитира од ремито кое го имаше Порто против Фамаликао, но наместо тоа, тимот на Жозе Мурињо вчера ремизираше со Каса Пија и прокоцка голема шанса да се приклучи во битката за трофејот.
Ремито на гостински терен со резултат 1:1 носи големо разочарување и за Мурињо, кој по средбата не штедел критики за некои свои играчи, кои сепак не сакал да ги именува.
– Ја пропуштивме последната шанса да се вклучиме во трката за титулата. Некои играчи не сакав да ги играм и не сакам да бидат во овој тим, но некои работи се над тренерот.
– Тие се дел од тимот и мора да ги селектирам. За мене подобро е да ја прифатам нивната вредност, иако да бидам искрен, не сакам да ги гледам на теренот. Не се тоа премногу лоши играчи, едноставно јас не бев доволно добар за да ги претворам во играчи кои ќе се борат за титула. Надворешни фактори се уште влијаат врз епилогот на оваа лига, но ние ги пропуштивме нашите шанси и сега можеме да се бориме само за второот место. И покрај се, јас сакам да останам тука и да го водам тимот и во иднина, – изјави Мурињо.








