Му го "помати" умот на славниот фудбалер: Погледнете зошто Ешлин важи за најбруталната девојка на спортист!

Точка

07/04/2026

09:09

1.082

Големина на фонт

а а а

Девојката на фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам, холандската манекенка Лаура Селија Валк, ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи со нови фотографии од плажа. Позирајќи во минијатурно бикини, 25-годишната Валк предизвика лавина од коментари, а многумина ја нарекоа „совршена WAG“.

Која е Лаура Селија Валк?

Лаура Селија Валк е 25-годишна холандска манекенка и претприемачка. Студирала креативен бизнис, а денес води сопствена агенција за советување за социјални мрежи. Соработува со бројни познати модни агенции, меѓу кои се „The Four Models“ од Манчестер и меѓународната агенција „Above and Beyond“.

Врската со Белингам

Според извори, Валк и 20-годишниот Белингам се во врска веќе неколку месеци, а манекенката често престојува кај него во Шпанија. Наводно, парот се обидува да ја држи својата врска подалеку од очите на јавноста, но Валк неодамна беше забележана на стадионот Сантијаго Бернабе, каде што го бодреше Белингам. Таа сподели и неколку фотографии за кои се претпоставува дека се направени во неговиот дом.

Нејзините најнови фотографии од плажа привлекоа големо внимание.

„Совршена жена“, напиша еден следбеник, додека друг напиша дека е "нереална".