Светски шампион на Франција од генерацијата 98: ПСЖ ќе го масакрира Ливерпул

Дерби

07/04/2026

15:06

186

Големина на фонт

а а а

ПСЖ се покажа како пресилен за Челси и со вкупни 8:2 се пласираше во четвртфиналето во Лигата на шампиони, а судбината посака тимот на Луис Енрике да има нов премиерлигашки предизвик во оваа рунда.

Слично како минатата година, актуелниот европски шампион повторно се тестира во Европа против најдобрите тимови од Англија, но во дадената ситуација, Ливерпул дефинитивно не е на нивото од пред една година.

ПСЖ лани со многу мака го елиминираше Ливерпул во нокаут рунда, па иако кај „црвените“ постои голем мотив за одмазда, Кристоф Дигари смета дека избраниците на Арне Слот немаат што да бараат во двете пресметки со европскиот првак.

– Првиот меч се игра во Париз и очекувам прошетка на ПСЖ. Ливерпул игра катастрофално, оваа сезона во Премиер лигата имаат 14 победи, 10 порази и 7 нерешени. Тоа е очајна статистика и кажува се за тоа во каква состојба е тимот. Не велам дека имаат лоши играчи, но не делуваат како тим. Според мене, разликата во квалитет е колосална, мислам дека ПСЖ ќе го реши прашањето околу патникот во полуфиналето уште на првиот меч, – изјави светскиот шампион од генерацијата 1998-ма.

– Сте виделе ли како игра Ливерпул оваа сезона? Немаат сила, немаат идеја, немаат ништо. Технички имаат добри играчи, но играат со брзина од два километри на час. Кога тоа ќе го споредите со интензитетот кој го наметнува ПСЖ, може да се очекува масакр, – изјави Дигари за „РМЦ Спорт“.