Кога во јавноста се појави веста дека Ал Пачино стана татко во деветтата деценија од животот, многумина саркастично реагирале – дека детето едноставно не може да биде негово.
Тој на гласините им застана на патот со ДНК тест којшто потврдил дека јавноста сепак нема право. Во меѓувреме славниот актер и неговата тогашна партнерка, 54 години помладата Нур Алфалах раскинале, но како што рекол актерот, останале блиски пријатели и заедно се грижат за нивниот син.

Роман е најмладото од четирите деца на холивудскиот актер којшто од претходната врска ја има ќерката Џули Мари (36) и близнаците Антона и Оливија (25).
Кога во јуни 2023 година се родило најмалото синче, тоа станало главна тема во медиумите затоа што голем дел од јавноста бил убеден дека Ал Пачино, кој во тие моменти имал 83 години, никако не може да му биде татко. Меѓутоа, тој успеал да докаже дека грешат.
Славниот актер тогаш бил во врска со продуцентката Нур Алфалах, но тие раскинале пред светот да дознае како изгледа нивниот син.

Ѕвездата на холивудските класици во едно интервју открила дека неговиот контакт со Роман е ограничен на онлајн комуникација и дека често му свири усна хармоника. Тој напишал и автобиографија „Sony boy“ за детето да има можност од прва рака да се запознае со татковата животна приказна.
Нур, очигледно е „слаба“ на стари мажи, поради тоа што и претходно била во врска со фронтменот на групата „Rolling Stones“, легендарниот Мик Џегер, а се забавувале околу две години додека не одлучиле да раскинат.

Роман, којшто во јуни ќе го прослави третиот роденден, досега сме го виделе само еднаш во јавноста, како шета со неговата мајка.